недела, март 22, 2009

Иванов Конквистадорот

Убав Чоек!

Се наоѓаме пред важен политичко-историски момент и тоа не е само обична фраза.
Македонија избира претседателски кандидат за кој граѓаните треба да изградат свој став.
Поготово луѓето кои делуваат на јавната сцена уште повеќе се должни од другите да го искажат своето мислење.
Одмолчувањето, игноранството, калкулирањето во оваа ситуација се снобовски одлики на декадентниот дух.
Не ми е природен ниту неодговорниот нихилизам од типот „сите нечинат“.
Затоа јас решив јавно да ја поддржам кандидатурата на г-динот Ѓорге Иванов.
Зошто Ѓорге Иванов?
Ново лице на политичката сцена, човек selfmade, човек кој сам се пробивал низ мрачните лавиринти на нашето општество во кое нималку не е лесно да се направи скок во општествената стратификација.
Човек без директно политичко искуство, но човек кој сите поважни политички процеси и случувања во изминативе 20 години професионално ги набљудувал и темелно анализирал низ научно-политиколошка призма.
Ѓорге иванов важи за професор ѕвезда кој умее да ги анимира студентите да ги избави од тромоста, тој е инспиратор; научник лишен од ароганција, надменост и боговски комплекс, бескрајно љубопитен за нови истражувања и погледи кои би донеле олабавување и кршење на конзервативните стеги но без да се наруши академското ниво.
Неговите томови за Цивилното општество му помагаат во настапите никогаш да не се расфрла со поетско патитичен говор, говор на омраза или деструктивност.
Исто така многу важно е што Иванов поседува високо ниво, во културно-политичка смисла и со тоа ја остава улицата на политичарите - уличари.
Поради се' она што го напаѓаат и карикираат неговите идеолошки противници мене уште повеќе ми се допаѓа.
Кога на пример, се нервира и згрозува од византиски подмолности и игри вообичаени за нашата политичка сцена тоа го прави на ист начин како што би реагирал секој чесен човек, со возбуда и жестина.
Одбива да стане фразер со здрвена фацијала каде ќе реди фрази како да чита од ТВ-Идиот.
Неговиот говор е автентичен, жив, еластичен, кога зборува минува струја создадена од емоции. Тоа е говор кој допира, кој ме допира мене кога го слушам.
Значи, ја нема ладнокрвноста и пресметливоста својствена за луѓе без совест што е добар знак дека пред важни прашања нема да побегне од поднесување сметка и лична одговорност.
И покрај нагласената емотивност делува цврст, стабилен и што е најкбитно крајно сигурен во себе што ме тера да помислам дека нема никогаш идентитетот на Македонците да го стави во прашање.
Она што исто така ми е важно во неговата политичка програма е дека инсистира на решавање на важни нерешени историско-идеолошки прашања, поготово од областа на античката историја, која досега неретко беше цел на многу политички злоупотреби и пара-научни толкувања но научничкиот кредибилитет и личен интегритет му даваат потполно право да го разгледува истото!

На крајот: Велат луѓето гласаат за претседател за оној кој највеќе ги потсеќа на себе. Најверојатно има доста вистина во тоа!

0 пати коментирано досега:

Post a Comment

линкови до овој пост

Create a Link

<< Насловна