Книжевен Комуналец 2
Уелбек, Мураками, Курејши - сите тројца споменати “пичиња“ припаѓаат на оној правец кои многу книжевни критичари го нарекуваат “неодепресија“; во која би требало да бидат прикажани како модерни “сартровци“,“камиевци“ или “кафки“; да бидат означени ко нивни автентични и “легитимни“ наследнициl; да имаат за цел да го опишат егзистенцијалниот лавиринт во кој модерниот човек заталкал неповратно на почетокот од 21 ебан век.
Неоспорно, прва и најважна заедничка нишка е што - сите автори се бестселераши; сите тројцата напишале барем една добра книга која потоа ја умножуваат со повеќе варијации за да можат да си купат викендичка на море.
“Црн Албум“ на Ханиф Курешји (Ѓупако), “Норвешка Шума“ на Харакуми Мураками - (Оризо) или “Проширено подрачје на борбата“ на Мишел Уелбек (Тинкачо) се книги кои најчесто се нивните најзначајни но истовремено и релативно рани дела.
Тоа најдобро го укажува “Проширено подрачје на борбата“ на Тинкачо каде единствената неговата поиздржлива теорија (а лупа теории нон-стоп ко навиен) е онаа за т.н. сексуален либерализам; кој е сличен на економскиот и во упростен превод вели – некои ќе ебат премногу а многумина нема да ебат ич.
“Неодепресивната проза“ се одликува по т.н. спетакл пишување, т.е. пишување во кое авторите умешно и трикстерски се служат со обработка на актуелни теми и проверени сензации – масовни/сериски убиства вклучувајќи ги незаобиколните самоубиство (а веќе одамна нема филм во кој нема убиство, исто така нема книга во која нема самоубиство), извештачена “сигурна“ политичка некоректност како кај Ѓупако и Тинкачо, бутање на современи теориски текстови и успешно комбинирајќи ги истите со вешта драмска прогресија на ликовите и сл.
Тинкачо во тој смисол е најголем шминкер и најтренди настроен – терористички напади, порно и неговите варијации - секс туризам, садо-мазо, групен секс, актери, манекенки, дрога, средовечна криза, исламски фанатизам, секти, генетика и клонови нема исаф.
Од книга во книга оди што подалеку, на крајот со последната, најдосадната, најужасната “Можноста на еден остров“ членува во секта во која откако детално опише се случуваат слабо мотивирано убиство како во просечен акционен филм.
Без разлика на колку јазици ќе бидат преведени, колку базени или скапи лимузиниќе возат или колку ќе поебат цицлести актерки, не е тешко да се се предвиди дека ниеден од нив не може да се смета за голем автор.
Никогаш нема Тинкачо да стане класик, од калибарот на Орвел, Кафка или Фокнер.
Не верувам дека ќе го памти некој после 5 години.
Во секое идно време, нема да е проблем да се замени со друг, глуп нов автор кој повторно ќе пишува за други манекенки, повеќе дрога, “крајот на Западното општество“ и групниот секс.
Но, кого од овие живи серковци го боли кур за создавање на вистинска “уметничка“ литература?
Ни мене, кога еве се заебавам со критика на овие пичиња. (кои патем веќе си купија не една, повеќе куќи на море)
Тие претставуваат енциклопедиски “селебрити“ за се`па и за политика и кај нив е занемарена е каква и да е било булгаковска потрага по уметничка вистина - што е одлика
целата постмодерна епоха, не исклучиво на споменативе трите плачипичиња.
Немивно дека таа е “потрошувачки настроена“ и тука е не за да го изнервира просечниот читател (како што го правеле сите стари добри романи) туку да му ги потврди некои од веќе здобиените предрасуди произлезени мас-медиумите кои пак на велико ги форсираат депресивниве плачипичиња.
Фрапира тоа што најчести главни луѓе се просечни и воодушевувањето од истата просечност - но не како т.н. руска школа на “малиот човек“ без некоја шармантна шлакнатост ала Гогољ или Хармс или необичност во карактерот како кај Газданов, Мамлеев, или морално духовна цврстина и компактност како кај некои ликови на Достоевски, туку на просечњаци кои лутаат постојано и кои очигледно дека немаат способност ама баш за ништо.
Ни “обична“ смисла за хумор. Тинкачо не е автор што би се насмеал како Курт Вонегат на пример.
Ги прочитав од него сите книги, но ниеднаш за момент не се насмеав.
Каков е тој писател кој не умее да насмее?
Тинкачо правдајќи се тврди дека хуморот значи истовремено и одреден степен на префинетост кој тој со пластичност сака да ја отфрли како “разубавување“ но од друга страна претераноста во т.н. сериозниот пристап го прави само вообразен и потоа напати контрадикторен серло “кој не е маж“ да искрепи ниедна од своите бедни проповеди.
Ѓупако факт е се труди, но е дупка, ама океј колку повеќе да се очекува од холивудски сценарист кој добил Оскар на крајот на краиштата.
Ме вреѓаат со мислите како “повеќето од луѓето во текот на животот не чувстуваат љубов“ или од фразерството со кое се расфрла здрвениот дткач Тинкачо па и баналните описи на Оризо како ги фабрикуваат на ист начин налик на споменарчиња на рани пубертетлии.
Ѓупако во цела негова глупа книга насловена ко “Интимност“ опишува еден развод.
Цела книга - за еден развод.
Само за споредба еден од мадрфакерите на 20 век, Л.Ф. Селин да речеме пред повеќе од половина век доживеа и пишуваше за - обвинување и затвор за национално предавство, се криеше во замок полн со налудничави нацисти, рмбаше во француските колонии во Африка и се заболи од маларија, со децении како општ лекар лечеше во најсиромашните болници во Париз, долж и попреку ја искита цела САД, појде во СССР и напиша памфлет против илузорноста на Сталинизмот, а да не зборам за разните политички неугодности или на преписките со колегите и итн, итн и кога тоа ќе се спореди со Ѓупако, пиздата која на 200 страници пишува за лик, иначе негов алтер-его кој цело време собира храброст да ја напушти својата тронтлава буржујка, останувам заебан, измамен и в`ум измаван...а што требаше да напише ко така бате Вилијам Бароуз кој со сачмарка ја спука неговата прва жена? (тоа мора да признаеме би било поинтересно за читање)
Во неговата убедливо најлоша книга “Буда во преградието“ веќе на 100 страници шлајфува очајно трудејќи се да ни подвали се што му паднало на ум - хомосексуални испади, ексцентрична едноцицлеста швалерка на татко си, промискутет, меѓуетничка омраза, политичко филозофирање, експериментирање со дроги и што уште не.
Абе да пукнеш, да умреш од неинвентиност, отсутност на стил и замреност.
Оризо живата депресија во “Норвешка шума“ (која рака на срце се искурназив најпосле и на ја прочитав до крај) ја доловува во една апсурдна и тотално бесмислена случка кога гледаме како неговиот другар без особена некоја причина влегува во гаражата и се самоубива.
Гледаме институти за лечење, прикаски за студенти, (кои по интересност не можат да се споредат и со најглупиот студент од студентските домови кои изминативе години насекаде ги изнагледав) но впрочем заедничко за сите автори е што зборуваат за ДОСАДНИ ГЛАВНИ ЛУЃЕ НА КОИ ЕДНО РАСКИНУВАЊЕ СО ДЕВОЈКА ИМ Е ТЕШКА ТРАГЕДИЈА А НЕДАЈБОЖЕ РАЗВОД ИЛИ БРКАЊЕ ОД РАБОТА Е КРАХ, КАТАСТРОФА СО ЕПСКИ ДИМЕНЗИИ АЛА ХОМЕР, ШЕКСПИР И НИЧЕ ЗАЕДНО.
Не знаеме што кур ги МАЧИ?
Што конкретно го мачи Даниел, Мишел, Бруно, “Пакиевците“ од цела галерија нивни тинкачки ликови?
А да како сум балканец, заостанат и затуцан! Како не контам, дека не ги МАЧИ ништо особено, дека немаат проблем со кеш, нит со љубовни партнери (исклучок “Проширена борба на подрачјето“ во кое Тинкачо е загорен) освен бесмислата на современото западно живеење.
Ако ги читаш и нешто не конташ, зошто некој зел и испоубил, се зачленил во секта без да има проблеми со црквата, или решил да се самоубие зошто едноставно така му прднало, знај тоа е затоа што “светот и времето се такви“.
Не барај друга логична и “суштинска“ причина.
Labels: Книжевен Комуналец