
Нигер Браун е наемник во УН - Американец, роден 1954, во олимпискиот град Атланта, Џорџија, земја на изразен јужначки патриотизам и секако, патријархализам од најекстремен тип што мачоизам го нарекуваат феминистките што ретко спортуваат со табуизираниот фалус-објект за современо но краткотрајна среќа која во согласност на сопствената ефемерност го претвара умот во романтична пача...ах, заборавив да ви кажам дека Нигер Браун е Црнец...ха, ха, ха, Афроамериканец, двестогодишна жртва на белиот “вампир“ (во контекст на генетската меморија) што, какво чудо, во последниве години мутира во чуден емпатиско-културолошки хуманоиден инкарнат инфериорен во прашањата на сексуалната моќ и исполнет со потсвесен ресентиман кон идеалите на Третиот Рајх.
Нека не ве залаже неговиот комотен граѓански либерализам: иако успеава својата потсвесна ѕверска стрв да ја сублимира во рафиниран поливалентен поетски интелектуализам на децентрализација, толеранција и афирмација на девијантните групи во општеството: жените, хомосексуалците, лезбејките, дрогашите, анархистите, либерал-комунистите, верските секти од егзотична провиниенција, травестите, гетоизираните банди, малцинства од секаков вид, пијаните поети и бескуќниците, сепак, повторувам: Сепак останува ситен искомплексиран анемичен белец, проклето превртрливо суштество со голема уста, со мал кур и долга пушка.
Така некако изгледаше интимниот став на Афроамериканецот Нигер Браун за пријателски настроените белци...а оние другире? Нив барем можеше да ги убива со задоволство, и секако, поради тоа нив повеќе ги ценеше.
- Барем имаат јајца да бидам искрени кон сопствената природа. - така си мислеше тој.
Но судбината, големата космичка учителка по низа перипетии за кои овде нема да теоретизираме, една убава медена вечер го искрца на аеродромот Петровев во Скопје - Б.Ј.Р.М.
Тука во Македонија - политички, Нигер Браун конечно сфати дека сите работи не се така црно-бели. Имено Никер запозна еден чуден народ, белци, а сепак според нивниот стандард, историја и традиција поцрни од најцрните Црни што можете да ги сретнете по најзапустените савани во централна Африка. Тогаш Нигер Браун се почувствува како белец, и тоа чувство го натера да се бања по неколку пати дневно и да повраќа барем еднаш неделно... со неколку збора, се почувстува инфициран.
Иако на Нигер Браун му беше забрането премногу да “шурува“ со локалниот прислужен персонал, тој напротив се` повеќе и повеќе се дружеше со маусдоците (mouse - глушец) кои како што изминуваше времето му изгледаа се` позабавни.
- Ha, ha, ha you are so fun Klufun, You loook like a white man, but You arre the blackest Niger that African night can give...ha, ha, ha, Love you man!
Клуфун Клептоманов стана најблискиот пријател на капетанот во силите за превентивни задачи на Ун - Нигер Браун.
- Ey, do not Fuck whit me Nier, I mean mr. Braun.
- oo, It is All right, Klufun baby. You can al... секогаш да ме викаш Ниер. Конечно, никогаш повеќе од сега не сум сакал мојата расна припадност да биде потенцирана.
Клуфун направи тажна фаца:
- Лесно ти е тебе. Примаш 5000 долари плата и... и не мора да ги носиш своите деца во Грција на море, и притоа да трпиш најразлични понижувања. А кога конечно ќе се вратиш во оваа шугава безимена земја, сфаќаш дека си уште посиромашен и позаебан од кога и да е порано.
Нигер Браун го набра челото небаре сериозно размислува:
- За тоа е виновна вашата политика.
- Која ебана политика? Зар постои некаква политика!? Кажи, кажи ми!?
Дали воопшто забележуваш политика во оваа земја!?
Клуфун Клептоманов се запенави. Неговите маки според тресењето на неговото валчесто торзо и двата долни екстремитети слични на задните нозе на гну антилопа, му изгледаа на Нигер Браун навистина сериозни.
- Ејјј, полека Клфун. Една работа да да ви се разјнаси на сите вас Маусдонци, а тоа е следново: Секој народ има онаква власт каква, впрочем и заслужува...Хегел.
На Клуфун, секако, оваа банална евидентност ништо не му значепе. Тој проблемот на неговата земја која на секој план трпеше порази повеќе го гледаше како историски фатум, предореденост да биде клоака на регионот кој и онака беше собиралиште на планетарната несреќа и бол.
- Тебе ти е лесно, човеку. Имаш американски пасош и кога ќе посакш можеш да одлеташ од оваа “септичка јама“.
Капетанот Нигер Браун се намртшти и во настапувачка лутина му се сипа на Клуфун:
- Еј човеку, јас не мислам да одам од оваа земја. Јас ја засакав оваа земја и сериозно мислам да ги повлечам своите од Атланта. Кога договорот ќе ми истекне, сакам пермаментно да се населам тука. Ако е можно дури и да земам државјанство за себе и за моите и...
- Да се занимаваш со политика - го прекина Клуфун, најбезобразно.
- Да! Зошто да не. Ако нешто навистина ми курчи кај вас Маусдоцните, тоа што ја мразите сопствената земја, сопствената влада и сопствениот претседател како да се создадени инструирани од самиот Ѓавол. Тоа е погрешно човече. Тоа е, всушност, причината за вашата колективна, национална несреќа. Погледај ги само Грците, вашите историски непријатели. Зар не успеа да забележиш како тој цигански и ситносопствените народ без трошка дух, умее да биде фасцинантно солидарен кога се работи за некое прашање од национален интерес.
Клуфун се насмеа симулирајќи беспомошност а се` заедно требаше да означи иронија:
- Цигански, ситносопственички и без дух...Ха, ха, ха.. па за нив целиот свет мисли дека ја измислиле демократијата, философијата, поезијата, уметноста, спортот, науката и краснописот!
Човеку, Грците ја основале својата држава во време кога мојот и твојот прадедо шетале оковани во синџири без право на жалба!
Нигер Б. - Сети се дека твоите антички предци го окупирале целиот цивилизиран свет, во времето на Александар Македонски!
Клуфун К. - Тоа виле други, антички македонци. Конечно сите релевантни светски научни институции го прифаќаат дека Александар Македонски бил Грк.
Нигер Б. - Грк жими мојот голем црн кур! Конечно зар гледаш некаква сличност меѓу античките Грци и овие современиве. Сличноста меѓу нив е иста како онаа што во мојата земја ја имаат Индијанците со белиот англосаксонски колонизатор, убиец и педер!
Клуфун К. - Да! Ама да не беше тој англосаксконски педер ти денес наместо да се топориш со 500 зелени во зебот, овде меѓу најутепаните во Европа и да ми изигруваш геополитички мисионер, ќе висеше на некое дрво во Екваторијачна Африка и ќе тегнеше шимпанзи на твојот голем црн кур!
Клуфун Клептомав не требаше да отиде олку далеку. Зошто кога црниот човек ќе почувствува неправда, тој навистина реагира импулсивно. Така, Нигер Браун замавна со својата силна левица набилдана до филмска имагинативност и го погоди Клуфун Клептоманов меѓу рогови превртувајќи го во воздухот и залепувајќи го за подот како вреќа брашно фрлан од интендантски камион.
Клуфун Клептоманов во освестување - Еееј човече...што ти требаше ова?
Нигер Браун со извинување - Не ме слушаш, човеку! Што повеќе се труди човек да ви помогне, вие станувате се` понепријателски расположени.
Клуфун К. - Еби се!
Нигер Б. - Така значи. Не ти доаѓа умот. Па тогаш можеме и да диламе и на друг начин.
Клуфун К. - Каков начин? Да те ебам!
Нигер Б. - Начин на кој дила Англосаксонецот. А тој начин е кус и прецизен и се состои во: Ви благодарам службенику Клуфун Клептоманов, Вашите услуги повеќе не ни се потребни!
Настана штама. Очите на Клуфун Клептоманов се рашија постигнувајќи ја димензијата на бившојугословенската металчна монета популарно наречена “петбанки“: Зашеметеноста исчезна. Пред Клуфун остана само ликот на црниот полубог, шефот и капетан Нигер Браун.
Клуфун вресна - Нееее! Нееее! Тоа не можеш да ми го направиш. Нее. Не. Не, помисли, помисли на мојата фамилија. Немооој те молам немој. Прости ми, те молам. Оваа работа... ми дава надеж и волја за живот...
Клуфун Клептоманов се фрли кон нозете на капетанот Нигер Браун и се впушти во френетично бакнување на неговите офицерски чизми. Нигер Браун почувствува дека нешто чудно се случува во неговото тело. Нешто со неговиот стомак не беше в ред, и тоа болно чувство ненадејно растеше, како амадрило (сеферноамерикански оклопник - мравојад, живее во јужните делови на САД и Мексико) да му прошета низ цревата обидувајќи се да продре до желудникот, за да потоа повторно за зашлајфа низ хранопроводоникот и да му излезе низ уста.
- Бууаааххх, ааххх, аахх, ахг, ахг, ахх...оуфф.
Кога капетанот Нугер Браун се прибра, здогледа чуден, би рекол речиси барокен приказ под себе. Во прашината со рацете обвитката околу неговите офицерски чизми лежепе Клуфун Клептоманов, со поглед вкочанет и насочен нагоре кон својот црн полубог - работодавец. Врз лицето, облеката и просторот околу Клуфун Клептоманов се лизгаа фрагменти што пред малку излетаа од желудникот на црниот човек - недоврани лазањи кои шлајмовски се тегнеа и лизгаа на секое движење.
Клуфун Клептоманов пропелтечи во видна шокираност. - Па, па, па, па, ова е, навистина...
Нигер Браун почувстува неподнослива емпатија. Токму тој беше таму долу кај сопствените чизми. Каква ебана инверзија. Чувството беше сосема ново. Комбинација на ужасно каење и огромно ослободување. Како кога зен-практикант ќе дожвее “Сатори“ по децении медитативна пракса и самодрекување. Како целата источна мистичка пракса да се измеша со Фројдовската психоанализа доведувајќи го до една Кантовска морална сублимација.
Јин-јанговскиот принцип заѕвони во неговите уши со оној звук што го произведува “пласкањето на една рака“. Светот стана една голема светечка топка во која исчезнаа субјектот и објектот, атманот и брахманот, светот и индидивудата, материја и енергијата и.. совршена хармонија. Нигер Браун ја сфати пораката на вечна мудрост., им прости на англосаксонските колонијалисти, на арапските гоначи на робови, на иделозите на третиот Рајх, на француските силувачи на црните девојчиња од Западна Африка, на членовите на Клу Клукс Кланот, на шпанските конквистадори што уништуваа цели култури во егзотичните делови на планетава, на грчките демагози, на балканските национал-шовинисти од секаков тип, на Готите и Аварите и на целата нивна смрдеа и пакост, на Хуните, Монголите, Турците, на Русите, на комунистите, на човекојадците од сите делови на светот и, воопшто, на сите предатори без оглед на степенот на нивната еволуираност, и на тревопасните видови о, дури и на растенијата кои во процесот на нивната егзистенција користат материи, кои според, сите религи во светот не се носители на душа.
Нигер Браун почувствува љубов која немаше пандан во целото негово искуство. Таа љубов ја немаше ниту во неговата генетска меморија. беше повторно роден, но роден во една сосема поинаков свет. Тука, во светот лежеше Клуфун Клептоманов, неговото другарче, неговиот соцрнец, неговиот сокосмос. Нигер Браун се обиде да проговори - I Love you man.
Клуфун Клептоманов само ја подотвори устата. По брадата му се истегна парче недоварена тестина.
Нигер Б. - Еј човеку, еј извини човеку, еј човеку можеш ли да ми простиш?
Клуфун Клептоманов беше вкочанет од изненадувања. Се обиде нешто да каже но од отворената му уста излезе некаков ситен, неартикулиран глас сличен на кучешки прдеж.
Нигер Б. - Еј човеку, извини... те молам прости ми. Ако ми простиш се` ќе направам за тебе. И онака се` ќе направам за тебе.
Клуфун Клептоманов се` ште не можеше ништо да искаже. Како да беше во некој меѓусвет замотан во мрежа преку која рајот и пеколот играат пинг-понг.
Нуигер Б. - Еј човеку, како прво..двојно ќе ти ја покачќам платата...не, не двојно - тројно!
Клуфун Клептоманов трепна. Конечно силниот магнетизам на неговиот конкретистички идеал го истргна од пат - реалноста:
- Ннннннавистина!
Нигер Б. - Навистина, човеку! Немој гајле. Свршена работа.
Клуфун Клептоманов - Вистина, не се заебаваш?
Нигер Б. - Вистина, коа ти велам!
Клуфун К. - Нашиот народ вели: по бура, сонце.
Нигер Б. - Еј човеку! тоа е кул!
Двајцата протагоности се прибраа и полека, претрнати како пубертетски другарчиња го напуштија пологонот каде, впрочем и се случи ова собитие.
Откако се очистија, избањаа и средија тие отидоа да се зачестат со хероин.
Подоцна, добро заљомзени со хорс тие прошетаа по градот частејќи се одвреме-навреме со сокови, со кафиња, кај мекдоналдс со хамбугери. Им беше убаво. Преубаво. Вечерата ја завршија на еден паркинг на Водно практирајќи “чајниз“ со остатокот од хорсот. Градот Скопје изгледаше како гитантски ѓердан од ѕвезди. Меѓу многуте приканзи што еден на друг си ги кажаа би вредело да се истакне онаа како добар план за парирања на грчката неприцинпиена политика ја искажа капетанот Бигер Браум, а која оди некако вака:
- Треба да им се даде на знање на Грците дека нештата не се во нивни раце како што изгледа. Македонија е мала но судејќи според нејзината стратешка важност и нејзиното пријателство со моќната Турција која е во конфликст со Грција, а во екстемно пријателски односи со Македонија, може да се изведе фантастичен “тактичко-политички маневер“ со тоа што постојниот градски пазар - Бит пазар ќе се дисллоцира и тој простор ќе се претвори во монументален сквер со фонтана во ориентално-турски стил, ако круна на се`, овој новонастанат сквер, се нарече Кемал Ататурк сквер, според големиот турски војник, политичар и идеолог на парлементаризмот.
Во секој случај, еден ваков потез е даде на знаење на Грција, па и на Европска унија дека со Македонијам нема заебанција, а нема заебанција со Македонија зашто нема заебанција со Турција, нема заебанција со Турција зашто нема заебанција со Америка.
ха, ха, ха, ха и две три ах на крајот.
Labels: Александар Станковски, Македонска книжевност, расказ