Проект Буковски - Ѕвонко Карановиќ
КОЈ ЈА УБИ ЛОРА ПАЛМЕР?Тебе ти зборам буцко, тебе во огледалото. Тргни ми се од пред очи. Постојат и луѓе кои се платени да ги набљудуваат таквите како тебе.
Ме слушаш што ти зборувам? Тргај се оттаму. Подобро би било да се замиеш и облечеш. И да си најдеш некоја работа. И што?
Што зјапаш во мене? Нешто не ти е јасно?
Океј...јас ќе ти објаснам...ама мора брзо да конташ.
Глеј ме добро...ти разбушавен...Кажи што гледаш? Што? Гледаш победник, тркало.
Така изгледаат победниците. Како мене. Јас сум тој победник. Вистинскиот, од крв и месо, а не таму негде некој лик од филм или книга. Јас сум тој.
Јас постојам ебате, а сите тие се фикција.
Јас сум победник.
А знаеш зошто јас сум победник, а ти обично, промашено гомно, какви што ги има илјадници во државава? Затоа што јас сакам да бидам победник, конташ?
Затоа што јас не кукам пред несреќната судбина туку работам на она што секој прав маж треба да работи. Ебам, не го тинкам, јасно ти е тоа? И не сум шворц на 28 години оти уште од 17 години заработувам за себе.
И на 20 си купив своја кола. Жените тоа го сакаат, конташ.
Мораш да имаш своја кола, а не да го молиш тато дома, тој да ти ја даде својата.
Ајде, губи ми се пред очи, не можам појќе да те гледам. Губи се во твојот ебан живот.
Доста ти изнареков.
Добро е да бидеш победник. Добро е тоа чувство ебате. Само писателите се палат на лузери и приказни со тажен крај. Ма, кој ги еби писателите. Само Хенри Кинаски е цар.
И знаеш што прочитав кај него: “Успехот како резултат на работа е за сељаци!“
Го заеба системот, човече!
Треба да го заебеш систем. А види ме мене. Што е Хенри Кинаски во однос на мене?
Тој е грд и стар а јас сум млад и убав. Јас сум Бог. И денес на Бог, му е роденден.
Двадесет и осми, бато. И денес Бог ќе направи една права акција за себе и ќе инкасира нешто кеш за својот напатен живот меѓу мизерните човечки суштества достојни за презир.
И ќе си купи Бог едно шише Џони Вокер и кутија Марлборо и ќе плати Бог две кирии кои ги должи и ќе ја плати Бог рецката во бакалчето отспротива и ќе купи Бог можеби нешто од гардероба за себе и ќе отиде Бог вечерта негде во некој клуб и ќе се начука како да му е последно, оти денес му е роденден а тоа е ден за начукување.
И потоа Бог ќе ја довесе црнокосата мала шанкерка од Сити Кафе во своето љубовно гнездо и ќе ја направи богиња само за една ноќ и така ќе биде се во ред.
Само Бог прво мора да го заеби системот, иако рака на срце, тоа е негова секојдневна работа.
Да го заебиш системот е лесно, оти каде постои Бог, таму системот го почитуваат само кокошките и ситната боранија. Правите луѓе веќе одамна се надвор од таа шема на кокошки и сл. и овде Бог остана по казната зошто премногу се заебаваше со својот живот и со животот на сите оние кои барем малку и за момент го сакаа.
За кур ти е љубовта. На Бога ионака не му е важно дали некој го сака туку важно му е дали го поштова. Тоа е многу поголемо ниво отколку љубовта, ама тоа го знае лично само Бог и уште неколку други избрани.
А ти разбушавен идиоте...слушај ваму...слушај внимателно што ти дрндам цело време.
Ако мислиш да успееш мораш да ги натераш луѓето да те поштоваат.
Зошто е Исус најголема ѕвезда на денешницата? Ги натера масите да го поштоваат, ете затоа. Некои се убедени и дека го сакаат, ама луѓето лесно ги мешаат тие две нешта.
Само, тоа поштовањето, е тоа мора да се заслужи. Исус мораше да ја претвора водата во вино, мораше и да воскресне а тоа не било секако туку така едноставно.
Со тоа твое дебело газе и со таа идиотска фаца ти можеш да бидеш само политичар.
Потоа можеш да и кажеш на мама дека најде некоја пречка до успехот. Ама тоа не е прав успех. Политиката е трик. Тоа е пречка да маса гомнари ти се упика во секојдневието.
А ти поарно и не заслужуваш.
Глеј ме - Јас сум Бог, јас сум плукнат Де Ниро. И Де Ниро е исто така Бог и сака да биде Таксист оти тоа му е омилена инкарнација. Само што ти не конташ зошто е тоа така.
Кога ќе кажам - Ар ју токин ту ми, мен, дали ми веруваш а? Нормално е да ми веруваш, оти во суштина ти сакаш да си јас, само немаш мадиња за тоа. Серло.
Бог не живее во кокошарник, ама на Бог му удрија забрана во пасошот и не може да отиде до Холивуд и да се сретне со Боби Де Ниро лично и не може да го види изненадувањето во неговите очи кога ќе види пред себе дечко помлад 25 години од себе, мангуп како мене, кој ќе му рече хело, ар ју токин ту ми? Ама ај нема врска.
Послушај ме! Заеби го системот, плати кирија и не мешај се со кокошкарите, конташ.
За почеток плати ги сите сметки сам. Добро е за самодоверба. Не ти треба ништо големо. Погледни што Исус направи само со лебот, виното и дрвениот крст. Без високи технологии, без специјални ефекти. Ни тебе не ти треба ништо големо. Имај своја кола, зипо запалка и оригинални фармерки. Тоа жените го поштоваат бе дечко.
А кој ќе те поштова кога немаш кеш? Ништо не знаеш да работиш. Не знаеш и на рибите секогаш им се лигавиш за љубовта и разбирањето. Пладне е веќе а ти уште не си се пробудил, разбушавен си и мрзлив. Тешко ти е да работиш кога си дебеличок разгален газ. Ти си бато за во ладилник таму да истовараш месо и гајби со замрзнато овошје.
Тогаш онаа твојата би ти давала секој ден и не би те заебавала. Појќе би те поштовала и не би морал да ја држиш за рака додека ја следиш до дома. Ко некоја пичкица си!
А тебе одма ќе ти ја скинам муцката. Што се чудиш?
Самоуверен сум? Напален на себе си?
Па нормално. Ако мислиш дека Кинаски не е напален на себе си, гадно се лажеш. Па сите успешни се напалени на себе си, идиту, осим вие несигурните. Затоа и се успешни.
И што ти мислиш како потоа рибите се напалуваат и зошто се ебат со нас, а не со вас мекушците? Тие се напалуваат така што твојата напаленост се дуплира еј. Ти кажав веќе. Систем на споени судови, само ти си бато глуп за тие работи.
Треба да учиш од правите луѓе. Од правите фраери. Од Де Ниро, Кинаски, Џегер. Од фаци. Не се тие даци затоа што се фаци затоа што таа нивна напаленост ги прави фаци.
Па, зар не си уверен дека тој Мик Џегер не би се ебел самиот себе кога само би можел? Па тој највеќе на себеси се пали и ако мислиш дека спалната соба не му е тапацирана со огледала гадно си се заебал.
А кога си напален на себе тогаш се е полесно. Тогаш може секој да го клецкаш. И машко и женско и црно и бело. И не се важни големите или малите цицки. Конташ?
Ма, мислам...премногу ти изназборав. Морам сега да те убијам, разбушавен.
Премногу тајни со кои Бог располага денес ти разоткрив.
Мртвите усти не јадат гомна знаеш. Само денес на Бог му е роденден и тоа ти го спаси животецот. Хаха. Денес имам баш добра волја. Дваесет и осум бе, не е така лоша бројка.
Макар што морам да ти признаам дека ми си помалку симпатичен кога си така збунет и беспомошен. И само тебе ќе ти кажам како ја убив Лора Палмер. Ми умре на кур, дечко.
А сега тргни се од тоа огледало, идиоте. Шетај!
Облечи се!
Labels: Чарлс Буковски





















