понеделник, декември 24, 2007

Букарски - ДАДА

Помалку од вулгарност - Повеќе од скандал!

Наташа Георгиевска:

Човек или мит? Книжевник тореадор? Аристократ Libertine?
Панк проповедник? Писател багабонт? Секси дисидент?
Немирно дете во поход? Мојот црвен балон? Уникат.


БУКАРСКИ ДаДа

Неговата прва книга “Луѓе на кои не им се отвора падобранот” е збирка на приказни за децата кои растеа во бесконечниот континуум на преломот на една ера, во градот, крај скршените тараби помеѓу световите на новите сили и старите догми.

Со својата возбудлива проза, колумните во печатот и записите на неговиот неверојатно богат блог Crticka, како и јавните телевизиски настапи, на посебен начин тектонски го потресува културно закоравеното подрачје.

Внимание, освојува на прв поглед.


Имаме ретка можност и предизвик да се доживее дивата енергија на овој брилијантен раскажувач и мајстор на вербално мечување, токму овој Четврток:

27 Декември
во 20:30 часот
Културен Центар ТОЧКА,
Бул. Климент Охридски 15, Скопје
Клик овде да видиш МАПА

épater le bourgeоis!

Официјалниот леток на “Точка“


Поддржаа:

Ќе дојдам сосе бруцошите од Компаративна кои благодарение на мојата агитација, од неодамна ти станаа големи фанови
Ана Талент-Фри

Букарски,
ми се допаѓа твојата посветеност да учиш од класичните книжевни вредности и што не ни помислуваш да се занесуваш со некаков модернизам или постмодернизам.

Љупчо Бочваров

Кај се наоѓа Tочка?


zainteresiran

Букарски, доаѓаме.. само ако не си не` пречекал со бомбончиња

frustrislava

Ќе дојдам во четврток....

ASN

ДОПРВА ЌЕ ЈА РАСПЛАМТИШ МАКЕДОНСКАТА КНИЖЕВНА СЦЕНА И ЌЕ ЈА ИЗВАДИШ ОД ЛЕТАРГИЈАТА И АПАТИЈАТА ВО КОЈА РАСПАДНАЛА.

Дуки Варвар


Не знам дали ќе можам да дојдам бидејќи не зависи од мене кога ќе отпатувам деновиве. Но ако сум тука, it will be my honor to be your guest!

Arwena

Ај на здравје нека биде, па да дадеме по некоја позитивна и негативна критика..

VomitSparrow


Затни им уста, ококори им очи Букарски!

RIBARO


Ненад Јовановиќ

Струмјан

Презвитер Козма

Labels:

6 пати коментирано досега:

Blogger Arheoblog напиша...

Мене ми се допаѓа дизајнот на плакатот. Зар е можно никој до сега да не го забележал или да не прокоменирал за него?

Археолошки дневник vol.1

среда, декември 26, 2007 1:27:00 AM  
Blogger Bukarski напиша...

Да, фино што спомна. Тоа е поддршка и дело на Вуната.

среда, декември 26, 2007 1:31:00 AM  
Anonymous Дозгулпмус напиша...

Ти посакувам успешно излагање и квалитетна и плодна дискусија. Жалам што не можам да присуствувам, се надевам ќе имам некоја следна прилика.

четврток, декември 27, 2007 4:11:00 PM  
Blogger Arheoblog напиша...

Мој коментар за оваа вечер:

Беше грозно, во однос на публиката која го пополни просторот во Точка како една млака, млитава, анемична и апатична маса. Затоа пак ти беше на ниво. Ако некој ти го даде правото на збор (како што со блогот ти е дадено правото да го искажеш јавно твоето мислење), а ти молчиш, значи не си способен во животот да го направиш својот избор. Во тој случај покој ти на душата, па макар била и квази-интелектуална.

Инаку Темплум дефинитивно потврдија дека не те заслужуваат како нивни пулен.

Археолошки дневник vol.1

петок, декември 28, 2007 12:15:00 AM  
Anonymous She напиша...

Ме чуди како тоа сите сегде коментираат освен на вистинското место :) Извини Буки што не дојдов, сакав, ама нешто ме повлече назад, не стигнав да напраам транспарент во стилот „I want your baby“ :) ... заеб, немам оправдување. Искрено се надевам дека ќе има и следен пат. И дај пиши нешто друго освен коментари и преписки, ми фалат расказите! :) Поздрав, ти посакувам се најдобро!

петок, декември 28, 2007 1:31:00 PM  
Blogger Bukarski напиша...

За секоја девојка која е спремна да носи транспарент со таков натпис, можам да настапам приватно за неа кај сака и кога сака. =)

Ај среќна ти Нова, дајбоже во неа издадеме по едно генијално прозно дело.

петок, декември 28, 2007 9:38:00 PM  

Post a Comment

линкови до овој пост

Create a Link

<< Насловна