"Пензиското осигурување" како врвен дострел на македонскиот писател
Кажи ми Џон Фанте напиша сценарија за филмови кои бездруго беа прогласени за филмски класици, но тој викаше и понатаму дека Холивуд е срање.
Дали во интервју на Фанте ќе најдеше податок пропратен со невидена радост дека во Холивуд ти плаќаат пензиско и здраствено осигурување?
Дали? Како што впрочем Димковска изјави во интервјуто во “Фокус“.
Каков мегаломански императив, замисли. Здраствено и пензиско осигурување. Да умреш од завист. Меѓутоа цинизмот настрана, за нас, отепаните, од најотепаните и тоа таквото осигурување во оваа држава е луксуз...па во моменти на беда на духот сме принудени да го фалиме како да е некое големо постигнување, доколку евентуално го достигнеме ко Димковска (браос).
А Чарлс Буковски? Чарлс како сте? Па, еве имав читање во Њујорк, Сан Франциско, Хјустон, Чикаго...си го прочитал тоа во интервју на Буковски? Или Хемингвеј? Керуак? Барем последниов тој имаше желба да патува многу, ама па за тоа во книги пишуваше.
Каков е тој писател, а не само Димковска, тука спаѓа и Гоце Смилевски (видиш во втората книга, што направија од него? пушти го сега низ канализација) и Никола Маџиров и некои други твои другарчиња (не и мои, оти не ги познавам, иначе би им го кажал в лице) кои во сите интервјуа редат...сум ги посетил тие и тие земји, сум преведен на тие и тие јазици што цел што во делови, што во исечоци??? сум бил на таа и таа програма за литерати, сум бил стипендиран таму и таму? Провинцијализам беден!
Писатели како писари!
Дали ова се писатели? Ова не се писатели како нашите идоли.
Овие се пичкин дим!
Затоа и не можат никому да бидат идоли со исклучок на нереализирани македонисти од рубриката “култура“ на некој беден таблоид.
Каде е тука, стилот, страста, пркосот, револуционерноста, проблематичноста, контроверзноста, дали некоја на тие нивни моронски приредби направиле некаков инцидент за паметење, некоја пиздарија, некој испад вреден за прераскажување...или можеби не сакат да го споделат со пошироката јавност!
Грозно е Исаковски да се биде дел од цела таа ваша банда! Книжевна банда! Уште непријавен жестоко одбивам да членувам!
Банда еј, составена од чеховски чиновници, ситни кариеристи и љубопитни авантуристи.
Затоа и поезијата им е стерилна.
Квази-документаристичка проза врвна уметност!
Прозата квази-документаристичка за туѓи животи, за приказни кои не ги платиле со сопствена крв и искуство!
Писари...! Тоа е писарство!
Вадиш фактографски податоци, мешаш малце историчност, постмодерна техника шлепај, шлепај и нешто додај и цитирај, одбери звучен лик кој би ги поминал сите безбеденосни филтри на меинстримот и оп...генијално дело! покана... фестивал... стипендија...доживотно платено пензиско и здраствено осигурување!
...
Сакам писатели од кои власта ќе се плаши, јавноста ќе биде згрозена, вредностите превреднувани, домаќинките шокирани а тинејџерите насмеани.
Писателот не смее да биде ниту новинар - тој е наспроти новинарот.
Тој не смее да биде коректен барем не во таа новинарска смисла, не смее да биде ни нечовечен баш во таа новинарска смисла. Но, не смее да биде ни актуелен, самиот тој треба да е сам од себе актуелност!
Ама доволно се две пива, две пичиња насмеани и ебан бенд со две песни што оди потоа да го дрка!
И нормално, пензиско и здраствено осигурување како врв на книжевниот кариеризам...!
Контра-аргументот на тврдењето: Јас имам Фамилија!
Па, еве ти одговорам на најјакиот твој аргумент - До 40 години верувам дека и мене ќе ми се случи нешто од следниве работи - тотално бесмислено да умре мој верен пријател, некој од родителите прерано (секогаш е прерано кога се тие во прашање) ќе почине, ќе ме напушти жената или жените на мојот живот, сериозно ќе се разболам (недајбоже) или може ќе доживеам некоја посериозна несреќа (недајбоже)!
И дали, кажи ми тоа ќе ми послужи како алиби, не да бидам поопуштен, посмирен, помудар, туку блуткав, неинвентивен, блазиран, како Blase на Џони Штулиќ, непризнатиот албум!
Ако не се менуваш – конзервативен си!
Дали тоа некоја од наброените кобни доживувања ќе ми даде за право да бидам пизда, да се помирам и задоволам со малку, со животарење, со постојано правење гнил компромис со себе и околината! А времето лета а ти остануваш ист!
А со тоа и ретрограден, конзервативен, заебан!
Ако пред 10 години беше пионер на електронското издаваштво, денес си ебан кочничар драг Исаковски.
Да, да...им даде полет во твоето списание на твоите генерациски другари, им направи неколку сајтови на книжевниот естаблишмент во распаѓање но не и во дораспаѓање и потоа дигна раце од се'.
Сега го туркаш како спомен некаков си...го одржуваш не за да претставува некое мерило, некаква вредност, туку потсеќање на едни краткотрајни добри времиња...очајно!
Дојде време да го наплатат долгот децата на транзицијата
И сега доаѓаат нови генерации Исаковски, тропаат на твоја врата, како што ти и оној твој побратим Гиш од раните 90-ти се дупчевте со селските поети на Струшките вечери на поезијата. Те маваат тебе Исаковски, а еве ти како етаблиран, неспорно, како може да им вратиш? Како може да ги поткупиш да не зачукуваат толку брутално, наапано и бескруполозно? Клинциве се скроз оперирани од милост и било какво и да е разбирање! Транзициска мајка ги ранела ебате!
Како Чарлс Буковски ги зафркна македонските пост-бит поети!
Абе знаеш што мислам јас “у суштина“...Буковски вас ве зезна...и тебе и брат ти Јовица Ивановски!
Буковски претчувствуваше дека многу ќе сакаат да го следат неговиот творечки и ебачки пат па не ја откри алхемиската тајна, туку наведе нешто сосем трето и неважно како ебаниот алкохол!
Па, кого ебаве чукнатите алкохолот направил писател, тоа е како реклама за прашок апсурдно, кога тој може да ги направи посраните гаќи или ќечапот на кошула целосно бели! Буковски ви ја скри тајната воркохоличарска и ве слизна на кора од банана....ааха..пијам јас и затоа сум вака добар.
И вие на цел ум, еден заебант, еден циник, еден уметник ироничар и сатиричар го разбравте буквално! Лудило! Оди по ѓаволите Исаковски со твоите медицински белешки, болен, поболен, кивав имав боли во стомакот, добив сношти пролив...не сум ти јас припростата класна раководителка знаеш...
Јас сум Харизма!
Пак ќе речам - да водам војна, стварно не би. Ионака отворив можеби прекумерно фронтови...но, не доаѓаат луѓето на мојот блог само дека кревам џева и му ебавам некого матер...доаѓаат дека давам и парче од мојата душа...колку и тоа на прв поглед да ти зазвучува патетично! Вистина е! Не треба да кажат други!
Или ако сакаш духовно - силната верба регрутира секојдневно многубројни следбеници, оти тоа сум јас Исаковски, без заебанција, харизма која треба беспоговорно да се следи и прати!!!
Харизма без пензиско и здраствено осигурување моментално, но со многу големи мадиња, да ти каже тебе и на некои други персони неколку работи...како и да прејде на книга 2.
Labels: Игор Исаковски, преписки










5 пати коментирано досега:
од цело тоа друштво што си го набројал, иако ти се чини, само еден човек не припаѓа таму- Никола Маџиров, и по својот интегритет и по своето творештво, па неправедно го набедуваш. инаку, во право си за се` друго. но внимавај кого признаваш за непријател. признавајќи ги таквите за непријатели, порачуваш дека ти се рамни на себе за да ти бидат непријатели, а тоа секој, иако можеби најмногу „тие“, тоа ќе го разберат како дека си се намерил на нивните позиции со цел да ги замениш, дека си подготвен да ги замениш, без оглед на твоите зборови. дали навистина сакаш/ме да го правиш/ме тоа што тие го прават? борбата не е да го замениме нивното место, туку да ги смениме нештата. тебе, а и на сите нас, ни треба стратегија против таквите, не јуриш. секоја борба на бришан простор е осудена на неуспех- имаат премногу снајперисти, за жал. валкана е таа војна, но ако ја почнуваш, гледај да создадеш повеќе пријатели отколку непријатели, зашто ќе ти требаат за понатака. никој сам не може... „држи ги пријателите близу до себе, а непријателите уште поблизу“. ова- најдобронамерно. поздрав...
Bukarski brat, mi fali intervjuto so Dimkovska za da ja sfatam celata sustina na tvojot tekst. Aj slakni go celoto intervju nekako na blogov tvoj. Pozdrav!
wow feature na slika od steet-mk :-)
...thx bukarski - bash ni trebashe publicitet malce :-)
Драг Букарски,
Имаш неверојатно остра перцептивна способност за светот околу себе и огромен талент истата да ни ја визуелизираш нам во само тебе својствен манир. Ме радува тоа!
...Колку и да си во право за она што го кажуваш - има само една вистина - што и да кажеш (и дали ќе биде тоа добронамерно или злонамерно) секогаш ќе бидеш во колизија со себе самиот и со светот! Зошто? Затоа што никој не ја сака твојата вистина, ниту било чија друга! Никому всушност не му треба вистината (ако таа воопшто и постои или е само наша концептуелизирана категорија чие трагање секогаш ни нуди утеха и верба, макар и краткорочна, во исходот од наоѓањето)!
Оние кои го делат твојот пркос, твојата револуционерност, а не биле доволно храбри да ја исплукаат пред осетливите уши на јавноста, несомнено ти се восхитуваат (или па те мразат од дното на душата)!
Слушнав велат, тебе човек или те мрази онака бескомпромисно или пак те сака и те почитува - а тоа е единствениот критериум дека си на вистинскиот пат, пријателе!
Зошто и оние кои те мразат, всушност се срамат од признанието дека потајно ти се восхитуваат, а омразата е нивниот пркос, кој не успеале да го изразат на друго место, кога требало, кога тие ја имале својата шанса, тоа е можеби единствениот конструктивен пркос кој успеваат (за првпат) да го вперат кон некого, нивна шанса да надоместат за се она што е недоречено во нивните животи, во кои морале постојано да прават компромиси (за што сигурно се преколнуваат, особено во миговите кога некој бесрамно ќе ги потсети на тоа) !!!
Ти посакувам никогаш да не дозволиш да бидеш залажан (или сурово принуден) да правиш компромиси, зошто умешноста е токму во тоа - да ги избегнеш сите оние кои постојано ќе се трудат да те потценат, па потоа да те вкалапат, да те маргинализираат за да те шаблонизираат - потруди се да ги избегнеш сите оние краткотрајно сладострасни, опијувачко заводливи привремени прилики, кои ти нудат само ефтини компромиси со животот!!!
...КEEP ON THINKING AND NEVER SURRENDER...!!!
Во спротивно не започнувај нешто што не можеш да го одржиш во континуитет до самиот крај!!!
Jebeš Ijude koje svi vole. Takvi ne mogu nikad ništa da naprave. Takvi ne pokreću svijet... Branimir Johnny Štulić.
Post a Comment
линкови до овој пост
Create a Link
<< Насловна