среда, ноември 28, 2007

Блогерски болшевизам, што е тоа?

Moрав за кратко да се вратам и да ставам некои мои размислувања во полемичка форма што ја водев изминативе денови. Некои ми забележуваат дека повеќе не пишувам - што не е вистина, скоро секој втор мој коментар е внимателно осмислен и може да претставува пост.
Од поранешни искуства знам дека многу блогери имаат гадна орвеловска навика, после стишувањето на некоја жешка дискусија да се навраќаат на постовите, истите да ги корегираат, да ги бришат коментарите кои не им одговораат или едноставно да ги збришат целите постови.
Затоа ова серија постови сакам да претставуваат своевиден Архив од мои реакции во кои се спротиставив на ова сложно друштво болшевици.
Имено, забележувате дека многу добри блогери ги (с)нема, или не се активни како порано. Тоа се разбира е од најразлични причини.
Денес на блогерај, “територијата“ си ја имаат обележано блогери ѓубреџии, блогери кои рециклираат ѓубре, собираат ѓубре од дневните весници и истото постојано го преџвакуваат. Блогери без никаков вредносен систем, без јасно искажан и издржан став, без чувство да создадат било каква креација.
Повеќето ги красат горе-долу слични одлики, оти како од ист калап да се излезени: скоро сите се возрасни 35+, сите до последен се класични опортунисти и поддржувачи на новата власт, како и на таа претходна и веројатно на таа што ќе дојде потоа, презираат култура, нема на нивните блогови ни случајно да најдеш ништо поврзано со култура освен салонската култура како промоциите&презентациите, уметноста не ја разбираат тоа е повеќе од сигурно, дури се чудат како некој воопшто во Македонија може да се бави со неа “што материјален интерес има?“ ќе ти постават прашања, по дифолт се верници, патриоти, граѓани и сето тоа само декларативно.
Затоа на полето на дневнополитика, шпекулативноста, сплеткарањето, трачот кој често преминува и секакви граници на вкусот во хулењето и клевењето им се spiritus movens. Трујат човече.
Башка не смееш да се однесуваш поинаку, да коментираш поинаку тоа е: негативна енергија.
Кога би биле осамени би биле нули и свесни за тоа меѓусебно се здружени и здружено реагираат - а некој реши да мисли поинаку тие се овде да поделат лекција, да дадат “свое мислење“, да треснат некого доколку покажи знаци на дух и стил.
Затоа им служат месенџерите, приватните пораки, сите шуш-буш договарања и преговарања преку чет-клиентите. Ако се “тепаш“ против еден се тепаш против сите, ќе ти го најдат блогчето и ќе ти ебат маме.
Канонада од коментари со псевдоними полни нискости кои оддаваат старечка злоба, бескруполозност и бруталност. Без разлика дали полемичарот од другата страна е можеби 15 или 16 годишно дете - тоа за нив не важи, не важи ако не се сложуваат со нивните погледи.
Фасцинантно е како никој па ни самите тие не можат да објаснат што содржи нивниот блог. Не знаат да кажат, бидејќи иако постираат, кобајаги пишуваат тоа нема содржина, празно е и нема ништо.
Од друга страна иако не знаат да опишат што има на нивниот блог, знаат што се - вмровци, сдсмовци, левичари, десничари, националисти, патриоти.... и погодeте што... што добро знаат што претставувате вие - предавник, сељак, бугарин, шиптарољубец, тинкач.
Не знам вие како ќе го сфатите, но јас деновиве се тепав со овие идиоти по блогови, ми беше интересно и занимливо, ви објавувам дел од полемиката и овде на блогот со една единствена надеж дека можеби ќе ги затепате и вие вашите болшевици: на работа, дома, во комшии...било каде.

Labels: ,

6 пати коментирано досега:

Blogger Olja978 напиша...

Zdravo!Slucajno te pronajdov na Google, (i iako nemam navika da komentiram), se odluciv da ti pisam nekoj zbor bidejki premnogu mi se dopadna tvoeto pisuvanje.
Se raduvam sto imame tolku talentirani mladi vo nasata zemja, a ti si eden od niv.So tolku bogat fonf na zborovii i misli,iskreno se nadevam deka eden den ke stanes poznat literat vo nasata ni mila tatkovina, a i posiroko.Ti drzam sreka, samo taka prodolzi....Pozdrav od Prilep-Olivera

четврток, декември 13, 2007 9:53:00 AM  
Anonymous Anonymous напиша...

што да ти кажм освен дека точно го дијагностицираш проблемот на блогерајов
остани поздравен

среда, декември 19, 2007 4:39:00 PM  
Anonymous MastermindMK напиша...

Јас немам појма што мислиш за нашата работа. Веројатно си ја читнал.
На неколку пати се најдовме на иста бранова должина. Најмногу за е*енине збунети чичковци.
Без разлика на се' твојов збор држи вода. Еден од ретките кои сеуште употребува свој мозок за критичка мисла, така дефицитарна во државава, во која упорно толку верувам. Нека иде се у.п.м. ако и таквите ги снема.

Се најдобро Букарски

недела, декември 23, 2007 3:31:00 AM  
Blogger vip cartoons напиша...

Мајсторе, се е Ок што си кажал. Премногу ОК,ако такво нешто воопшто има... има збунети чичковци,дрвосерци,нереализирани..секакви,но не само чичковци, мислам дека тие се и во најмал број, иако понекогаш,ако не моментално и најгласни, ѓомити најзагрижени..но тоа и не е толку загричувачки, пострашно е тоа што такви се и помладите, и тие се помногубројни... дојдов на блог да почувствувам младост, идеи, храброст од знаењето, агресивност кон освојување на светот, самопочит,свесност за припадноста, ум ако не и мудрост... за жал... осевн два тројца, се е како што напиша, но зарем тебе тоа те чуди... НИКОЈ, не сака УМ... кога па се сакал... совет, ако смеам да си дозволам, не бегај ЧОВЕКУ, бори се со збор, полемика, стил, однесување, мавај се со глупоста...ако си сам против сите..сепак, тоа е само твој впечаток, има и други... нека ти е остро перото,поздрав
А.Јанковиќ (54 години)

недела, декември 23, 2007 10:40:00 AM  
Blogger Bukarski напиша...

Ако фино ги разгледаш претходните постови пред овој ќе видиш неколку по ред во кој има полемика со неколкумина блогери - Спартак, волан, зорив итн.итн.
После овој пост пак, има отворено писмо до издавачот и писател Игор Исаковски во кој, покрај него, се полемизира и со други млади македонски поети и писатели.
И не само тоа, пребарај го блогот ќе наидеш на многу преписки, на континуитет на една борба на пишаниот збор, кој за оваа година ќе кулминира со моја авторска, полемичка вечер во к.ц. “Точка“ на 27 декември.

недела, декември 23, 2007 3:01:00 PM  
Blogger vip cartoons напиша...

Мајсторе,наведените блогери ми се мили, не поради нивните капацитети,или заради матороста, туку поради обидот да се стори нешто од икс мотиви, вистински или не...вредно е што воопшто некој нешто кажува...КАКО тоа е веже друга прикаска, за вкусовите нема коментар...за глупоста секогаш... те следам уште многу пред ЧУМУ... но тебе не ти треба кураж, ја имаш...ум-го имаш... мудрсота -стекни ја...за блогов, полемики и друго листам, читам...:)
А.Ј.

недела, декември 23, 2007 3:36:00 PM  

Post a Comment

линкови до овој пост

Create a Link

<< Насловна