петок, декември 29, 2006

за два дена продадени 150 парчиња!!!


туку што ми ја пишаа по меил, убавата вест од “Темплум“
ех, море Коља кога ти реков дека малку книги се испечатија за прво издание...здравје за второ појќе.
п.с. за моите сограѓани од Битола морам да напоменам дека по Н.Г. празници спремам промоција...ќе го поканиме и Ламбе Алабаковски да пеј ако треба =)
п.п.с. ако бевте оваа година лоши деца, а во тоа нималку не се сомневам, Дедо Мраз нема да ви ја подари “Луѓе на кои не им се отвора падобранот“. купете си ја дур ја има (во поголемите книжарници во градов)
п.п.п.с. за добри девојки нормално може да се направи исклучок, но разбира се, претходно мора да ја докажат добротата =)


Labels: , ,

четврток, декември 28, 2006

до победата и по неа!


Пресот во “Точка“, каде на претставничката од спонзорот “Комерцијална Банка“ и искажав негодување поради тоа што г-динот Хари Костов не дојде лично да ми ја врачи паричната награда. претставничката одговори дека Хари ќе дојде кога ќе станам трикратен победник =)


морам да признам дека најзгодните новинарки работат за рубриката “Култура“ =)


во првите редови - јадрото од жирито на “Новите“, Искра Гешоска, Владимир Јанковски и Роберт Алаѓозовски.

Коља ја започнува поздравната реч

морав да се насмеам, демек читам и радосен сум. сепак, мислите повеќе ми беа насочени кон онаа другата хартија. зелената.

после пресот дојде оваа новинарка и бараше дополнителна изјава. сфатив дека славата повлекува со себе и голема одговорност.

најубав писател.

повторно некоја изјава. тешка е славата =)

со Ел Че Алаѓозовски. се сеќавам кога пред две години му турав раскази на сандачето на “Темплум“ и ги реметев ко шо знам, изјави “Букарски ти си безнадежен, под итно ти треба портпарол!“

изјава не знам која. за “Телма“. славата е ужасна човече! бара невидена жртва.

за во децката соба покрај постерот од Силвија Сеинт.

бидејќи многу го сакам Скопје, скопските емисии, поготово скопските девојки, на кратко ме интервјуира најсекси водителката Ана Зафирова од “Врти сучи“. глејте во петок во осум на “Телма“. славата е катастрофално нешто. славата луѓе напросто убива!!!



Букарски помеѓу царството на книгите.


но, вие бирајте мудро. купете ја мојата.

За Цртичкините фаној, детален извештај од реакциите на медиумите. (меинстримски&блогерски)

“Букарски: Она што го имам читано од македонските автори досега не ме задоволуваше зашто македонските автори не обработуваат теми што нас не окружуваат и не мачат.”

Вест: Алекс Букарски најдобар во "Новите"

“Од 24-те пристигнати ракописи, збирката раскази на Алекс Букарски навистина се издвои со своите литературни квалитети. Но и повеќе од тоа! Не е претерано да се каже дека ваков нетипичен дебитант одамна не и се случил на македонската литература!”

“Букарски: Иако звучи патетично, гласот на младите не се слуша многу во земјава. Затоа, преку блог-страниците објавивме „војна“, со цел да не' забележат издавачите.”

Дневник: Алекс Букарски добитник на наградата „Новите“


“Авторот, нескромно изјави дека со неговата книга ја објавува "смртта на македонската литература, како таква". Што и да значи тоа...”

Вечер: Букарски прв од Новите


“Не ги потценувам, но сметам дека на младите луѓе не им се интересни и во преден план. Отсекогаш сакав да напишам нешто што се случува на мојата улица и да ги опишам луѓето кои живеат во денешната реалност. Но, тоа да не биде траорно и драматично, туку литература во која се поистоветувам со тие полугубитници, рече Букарски. “

Миа: Алекс Букарски добитник на наградата „Новите“


Блогосферата

Јанко: Година дена по гостувањето на Букарски во Јади Бурек се оствари прорштвото на човекот - шунка (јас). Првиот блогер - гостин, стана и официјално писател. Се надевам дека мамата ќе им ја расплаче на естабишментот од писателската фела.

ЈадиБурек: Букаро!

Рибаро: Алекс Букарски, македонскиот феномен на пишаниот збор и алката за спас на македонската литература во дваесет и првиот век, е добитник на наградата „Новите!“ од „Темплум“!

Рибаро: Букарски победи

“Ивица Боцевски: Од мене само честитки и мој личен став дека во Македонија конечно вистинските вредности и автори си го освојуваат просторот. Само напред!”

theSkopјеTimes


“милозвучна солза: Ете и тоа се случи. Еден блогер и официјално да биде верификуван за своите способности (не само блогерски).”

археоблог

Labels: , , , , ,

среда, декември 27, 2006

победив!!!


СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД ДОДЕЛУВАЊЕТО НА НАГРАДАТА „НОВИТЕ!“ ЗА 2006 ГОДИНА

ги поканувам сите пријатели, читатели, вечерва после 20 ч. да наминат во ново(ре)отворениот к.ц. “Точка“ карши Соборен, да им потпишам по едно примероче.
п.с. дојте порано дур има гага вино!!!

Labels: , , , , , ,

понеделник, декември 04, 2006

Букарски конкурираше на “Новите“ (и влезе во финале)

Книгоиздателството ТЕМПЛУМ
и здружението КОНТРАПУНКТ
распишуваат
конкурс за најдобар прозен дебитантски ракопис

Букарски: за околу 10 дена би требало да биде познат победникот на конкурсот. а накај 25 декември, промовирана неговата дебитантска книга. нервозно го чекам исходот, и не мислам да фатам тастатурче в рака да се ебам да се расправам у пичку си материн и се тоа, се до ебаната Нова Година. официјално прогласувам блог-мораториум т.е. прекин со пишување на Цртичка.

ново: Букарски го трча последниот круг. Жирито објави шестмина конкуренти кои влегоа во потесниот круг.
победникот ќе биде прогласен во среда на 27.12.2006


НОВИТЕ


петок, декември 01, 2006

Леб и Сол - Распукала Шар Планина