вторник, октомври 31, 2006

среќна ви журка, јас ќе пијам сам!

јас лично, Алекс Букарски, нема да го поддржам протестот насловен како “Виза ај, батали“ кој на 9ти ноември ќе се одржи во Скопје.

прво и основно:

протестот е поддржан од низа студентски организации со крајно разнишан море не, непостоечки кредибилитет! доволен за пример е озлогласениот Сојуз на студенти (на кои бе студенти? партиските другари, другарите од маало и роднините на она тркало Капа?) на УКИМ име кое е синоним за смрдлив партиски инкубатор, во кој наизменично сиве овие години се загнездуваа младинските кариеристи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

ви се обраќам и вам, на вас ебaни татини синови со студентски функции криминално обезбедени благодарејќи на “вештото раче“ на рекетарите и обезбедувањата на вашиот партиски шеф (при полнењето на изборните кутии) каде функција “водач на студенстки сојуз“ ви претставува битна ставка CV-то на идната вашата политичка кариера.

знајте, вие сте рак кој непрестано метастазира и брзо се шири и ја полни главата на младиот и чист студентски ум, и го контамира со вашиот полжавски опортунизам, цинизам и макијавијализам.

единствено се ангажирате кога добивате зелено светло т.н. ДИРЕКТИВА ОД ГОРЕ.

протест да, но првин потребна е реорганизација на ССУКМ. формирање на автентична студентска организација која пожртвувано ќе се БОРИ. наместо како сега случај, поединци да се богатат со буџетските пари, и парите на сиромашната студентарија.

дека ќе има ОЛЕСНУВАЊЕ на визниот режим за повеќе групи на граѓани, меѓу кои и студентите нормално е НАЈАВЕНО во сите медиуми не знам колку пати во последно време.

тоа е фактички ИЗДЕЈСТУВАНО ОДНАПРЕД (не знам само по чија заслуга, или едноставно и на самите бирократи во ЕУ им скурчи и се сожалија???)

за тоа не се изборија, ниту се во состојба да се изборат споменативе квази-студентски инкубатори. просто сиот овој циркус кој сега го организираат е само евтина нивна самопромоција и обид за стекнување на каков-таков кредибилитет. (кои подоцна “мудро“ би го искористиле)

верувајте никој нема нема да го “уплашат“ партиските фиданки и конформисти од најдолен вид, кои во изминативе 15 години ниеднаш не беа во состојба да се борат за ниедни студентски права, како и подобрување на студентскиот стандард, или недајбоже за воведување на неопходни реформи на УКИМ кој патем неминовно од ден на ден забрзано пропаѓа.

ја угушивте секоја најмала иницијатива за автентичен студентски бунт кога беше потребно и неопходно. ( исклучоци и тоа непотребни, се протестите 97ма кога докажениот апаратчик и подоцнежно амбасадорско шанкуре Филип Петровски јаваше на повампирениот глуп национализам кај младите македонци)

Букарски не е опортунистички ниту негативистички настроен. за проблемот со визите пишував порано и во една своја колумна У П.М. колку е тешко да се биде млад...

и за крај, читатели, блогери, студенти, ве молам погледнете ја целата сомнителна симболика на патеката на движење на протестот.

се почнува пред Владата на РМ и на тој начин индирекно се упатува порака до неа (не до европската комисија како што подоцна е вметнато) и имплицитно се алудира дека виновник за оваа состојба е токму таа.

потоа маршитте по улици значи, шеткарење вамте-тамте и како НАГРАДА драги “бунтовници“ ви следи ЖУРЧЕ. со чии пари?

СО ЧИИ ПАРИ МАЈКАТА ВАША КОРУМИРАНА И КАРИЕРИСТИЧКА?

до кога мислите дека туку-така ќе се провнувате со овие лајнени сценарија?

исто така, знајте и дека никогаш овие партиски инкубатори нема да направат протест за ЛОШАТА СТУДЕНТСКА ИСХРАНА со трујачките застарени мензи кои одбиваат да се приватизираат, или општо за лошиот студентски стандард, (за бараките стари 40 години, за душеците стари 10 години, за немањето на никаков културно-забавен живот и сл.)

знаете зошто? тоа нив и не ги тангира. башка за тоа батковци мои, партиските спонзори не даваат кеш. кур ги заболе едноставно за студентите.

да не ме разбере некој погрешно, не сум пиче и:

и уште еднаш јасно и гласно ќе повторам:

потребен е БУНТ, ама МАСОВЕН СТУДЕНТСКИ ГНЕВЕН, БУРЕН, протестен до коска, во кој ако треба ќе има јадење ќотек од полиција, јаки притисоци и закани од естаблишментот и се што е пропратно!

ама еднаш ќе се испрати јасна порака дека еве, ова се студентите од УКИМ (не мора само УКИМ, нека дојдат од сегде) не произведува само медиокритети и бескичмењаци во своите 50 години постоење, студентите еве БАРЕМ ЕДНАШ ПОКАЖАА ВИСОКО НИВО НА СВЕСТ!

така што:

СРЕЌНА ВИ ЖУРКА, јас ќе пијам сам. со оглед на фактот какви се не “студентски“ организации се “борат“ за нашите студентски права.

Labels: ,

понеделник, октомври 02, 2006

евангелие според Букарски: умрени луѓе

стравот ги опишува, обезличува, обезвреднува.

се плашат да кажат што навистина мислат ако некогаш си го зададат тој духовен луксуз, и тогаш делуваат збунето, уплашено, несигурно, се кријат зад завиени форми на изразување, бладајќи го избегнуваат едноставното, чистото, искреното.

не веруваат во ниедни идеали, истренирани се смешно да им паѓа тој збор. знаат само да квичат и само да кукаат, во општото кукање си бараат пријател кукач, да кукаат заедно така до бескрај.

рано се откажуваат, после еден посилен шамар, макар и фигуративен, се расплачуваат, се жалат, бараат нечија прегратка и банализираат колку животот или реалноста е сурова.

ништо впечатливо нема во нив, нема жар, се препуштаат на ефтин хедонизам, дозволуваат времето да ги погази, уште не така оформени, развиени, издигнати се веќе уништени како личности.

еден лош коментар не по нивна мерка, еден звук не по нивен слух ги турка во длабока депресија.

слаби се, кукавични, подло се кријат зад туѓи имиња, псевдоними, животи, никогаш со своето, вистинското, личното јас. за нив сакаат некој друг да крвари и да се бори, спремни дури се да им го дадат својот глас и газ иако се свесни дека потоа ќе бидат гадно изебани.

сакаат и очекуваат да бидаат излажани, само да се потврди нивната одамна вкоренета помиреност со распоредот на нештата.

сакаат да дојде по “нивно“, или барем по она што ги натерале да го земат како “нивно“ - оние другите.

духот им е мрзлив, спремни се за поинакво размислување само декларативно, наизуст ги знаат сите демократски принципи, а во суштина се закоравени диктаторчиња и им е доволна шака власт за да би почнале со забрани, клади и гилотини.

ставот им страда од инфантилност како “или си со мене или против мене“.

критика и мислење не им е потребна освен ако не е во насока на нивната самопотврда. не креираат апсолутно ништо, немаат доблест да направат ниедно дело, креација во било каква форма, со став да го поддржат или со верба да застанат зад него.

ја посакуваат славата, но не и последицата на истата.

ретко се случува да критикуваат, а кога тоа го прават, маваат во празно, општо, на купче, без да ја погодат суштината.

безопасниот критицизам им придава чувство на амнестија, уверени се дека на тој начин се ослободиле од одговорноста, од долгот кон природата.

не поднесуваат ангажираност од било и да е каков вид, ништо за што светот бери гајле.

иако немаат чувство на припадност сакаат да се загнездат било каде само за да добие тежина нивиот колеблив општ став.

со твојот став го условуваат пријателството, или барем пријателството во наводници.

лешинарањето им е една од најсилните страни, едвај чекаат некој да падне да го расколваат, во тоа се најсилни и добиваат на моќ.

никогаш не се свесни за убавото, никогаш го немаат чувството, сенсот и вкусот за убавината, како и за се позначајно тоа некој од страна, некој од далечина и височина да им го прикаже како такво. па дури и тогаш нема навистина да прогледаат или почувствуваат и тогаш нема да знаат да уживаат во него, и тоа за жал ќе го разберат како сервилна согласност пред авторитетот за постигање на ефтина допадливост.

те затрупуваат со лајнени морализми, со медиокритетизам од најодвратен вид секогаш кога ќе пробаш да најдеш начин да го најдеш вистинскиот и само по себе трнлив пат во животот. први, први се тие околу тебе, умрените луѓе кои во име на твое добро, ќе ти укажат дека најдобро од се, е да не преземаш ниеден ризик, само за да го зачуваш тоа малку ништо кое го поседуваш.

кога ќе истапиш храбро со вистината, нема да го следат твојот чекор, лично ќе ти се восхитат, но во надвор заедно со толпата неверници ќе го фрлаат каменот по тебе, само за да никој од нив не се посомнева во нивната покорност - покорност која само тогаш имаат шанса да ја покажат и докажат.

и кога ќе почнеш да гориш поради малкута искра надеж која им си ја вдахнал на најслабите, радосно ќе те гаснат со кофи полни ситнодушност чија единствена цел е да те натераат да сфатиш дека никогаш повеќе не смееш и не треба да се осмелиш.

мајстори се да го избегнат конфликтот од секој вид, поготово оној најнужниот кој резултира со страст неопходна за продолжение на развитокот.

не им верувај кога ти се жалат дека им е лошо зошто им е добро, зошто и во лошото нашле доволно добро срање кое ги тера мазохистички да се самосожалуваат и да се тешат со излитеноста од типот “има побетер од моменталната состојба.“

не им верувај кога ти се жалат дека знаат и поминале многу, и кога ти го одземаат правото ти да дознаеш како е. во желбата да дознаеш како е, или што има зад планината, во природното љубопитство лежи секогаш мудроста.

и покрај се, не биди суров кон умрените луѓе, не бегај од нив, бидејќи од нив и не може човек да се скрие и побегне. не сите умрени луѓе се умрени засекогаш, не сите умрени луѓе се свесни дека умираат, ако ти се послужи прилика биди доволно блиску до нив и со својата сила, енергија и пред се љубов покажи им живост која можеби неочекувано ќе ги фасцинира. фасцинантноста е ко заразна болест чија втор стадиум е идејата. затоа не ги одбегнувај умрените луѓе, и не мораш да се трудиш да ги преобратиш т.е. да ги оживееш, повеќе од доволно ќе биде да не умреш така ко нив, многу предвреме, пред да дојде правото умирање.

п.с. насловот е позајмен од една песна на битолските панкери “Паркети“

Labels: