петок, јули 28, 2006

извадок од “Никој и ништо во Париз и Лондон“ - Џорџ Орвел

вреди нешто да се каже за друштвениот статус на просјаците, бидејќи кога човек ќе почне да се дружи со нив и ќе открие дека се обични човечки суштества, постанува непријатно свесен за чудниот став кое друштвото го завзема кон нив. луѓето како да се уверени дека постои некоја особена разлика помеѓу обичниот “работен“ народ и просјаците. тие се посебен сој - отпадници, како криминалците и проститутките. работните луѓе “работат“, просјаците “не работат; тие се сами по себе паразити, сами по себе безвредни. се подразбира дека просјакот не “заработува“ за живот, како што “заработува“ ѕидарот или книжевниот критичар. просјакот е обичен друштвен чир, и го трпиме само затоа што живееме во доба на хуманизмот, макар што во суштина заслужува само презир. но, ако човек малку се задлабочи, веднаш ќе воочи дека нема суштинска разлика во животот на просјакот и животот на безброј пристојни луѓе. се тврди дека просјаците не работи, ама што е воопшто работа? земјоделецот работи така што копа со мотиката. чиновникот работи така што сумира цифри. просјакот работи така што стои надвор, било да е на сонце или дожд, и при тоа добива проширени вени, хроничен бронхитис итн. тоа е занает ко и секој друг, секако, ептен бескорисен - арно ама, многу ценети занаети се сосема бескорисни. како составен дел од друштвото просјакот сосема добро се носи со другите занимавања. попоштен е во однос на продавачите на патентирани лекови, има повозвишен дух во однос на газдата на неделните новини, пољубезен е во однос на агентот на недвижности - накратко, паразит, но воглавно безизлезен паразит. ретко извлекува од друштвото повеќе отколку што му треба за да преживее, и тоа скапо го плаќа со маки, што според нашите етички ставови би требало да се оправда. мислам дека нема никаква причина просјаците да ги сместуваме во посебна категорија во однос на другите луѓе, ниту пак тие имаат право да ги презираат. се поставува прашање зошто просјаците не треба да бидат презрени? оти навистина се презрени, глобално. мислам дека тоа е само затоа што не успеваат да заработат за пристоен живот. никој во суштина не го интересира дали работата ти е корисна или бескорисна, продуктивна или паразитска, се бара само да е исплатлива. што воопшто значат сите денешни муабети за енергија, ефикасност, друштвена корист и др. освен - “заработете кеш, заработете го легално, заработете многу“. парите постанаа врвен тест на способноста. на тој тест просјаците паѓаат и затоа се презрени. кога човек би можел просејќи да заработи 10 фунти неделно, тоа веднаш би станала уважена професија. ако реално гледаме, просјакот е само работен човек кој заработува за живот, како и другите работни луѓе, онака како што најдобро умее и знае. не ја продал тој својата чест ништо повеќе отколку останатите луѓе во нашево време, погрешно е воглавно што избрале занает во кој е невозможно да се збогатат.

Labels: , ,

среда, јули 19, 2006

извадок од "trainspotting" by irvine walsh

...се презирав сам себеси и сиот свет затоа што не успевав да се соочам со сопствените, и животните ограничувања. изгледа дека менталното здравје и не-девијантното однесување се состоеше во прифаќањето дека постојат ограничувања кои не успоруваат.
успехот и поразот просто значат задоволување или неисполнување на желбите. желбите можат да бидат општествени, засновани на тежнеењата на поединецот, или внатрешни, стимулирани со рекламите или друштвените модели онака како што ни ги сервираат во медиумите и популарната култура. Том смета дека мојот став кон успехот и неуспехот функционира само на лично ниво, наместо на комбинација измеѓу личното и општественото. заради што одбивам да ги прифатам друштвените признанија, успехот (и неуспехот) за мене можат да бидат искуствата само минливи, бидејќи тие искуства не можат да се одржат со друштвено прифатливи одобрувања на богаството, моќта, статусот итн, ниту во случај на неуспех, клевети или прекори. Според Том мене не ми значи фактот дека добро сум го решил испитот, фактот дека имам добра работа, или фактот дека имам добра риба... тие врсти на признанија мене ништо не ми значат. нормално, сите тие нешта ми годат во даден момент но нивната вредност нема тежина бидејќи јас не го признавам друштвото кое ги вреднува. Том она што се обидува да каже, претпоставувам е дека мене ме боли курот за се. зошто?
и така се враќаме на мојата отуѓеност од друштвото. проблемот е во тоа што Том одбива да го прифати мојот став дека друштвото не може да се промени така што ќе постане значајно подобро односно дека јас не можам да се променам за да му се прилагодам. таквата ситуација кај мене развива депресија и наеднаш постанувам бесен. велат тоа е ти е депресија. меѓутоа депресијата значи и губење на волјата. некои празнини почнуваат да се шират. хорсот ти ги полни тие празнини, а исто ми помага да ја задоволам мојата потреба за самоуништување, стишувајќи ми го бесот.
воглавно се сложувам со Том во оваа работа. се разидуваме единствено само во тоа што тој одбива да го прифати сивилото и безнадежноста на сето тоа. тој смета дека јас имам лошо мислење за самиот себе и дека одбивам да го прифатам тоа со тоа што ја префрлам вината на самото друштво. тој смета дека главната причина поради која ја негирам значајноста на наградите и признанијата (и спротивно на тоа) кое друштвото ми ги нуди не е тоа што јас ги отфрлувам тие вредности сами по себе, туку тоа укажува дека јас не мислам за себе дека еве сум доволно добар или доволно лош за да ги прифатам. наместо тоа отворено признавам мислам дека ги немам тие квалитети и велам се е тоа ионака едно големо срање.
Хејзел еднаш ми рече, пред да ми каже дека не сака да ме види, кога по милионити пат зедов да се фискам:

“ти се дрогираш само затоа што сакаш сите да мислат како си паметен и комплексен. тоа ти е така бедно и досадно.“

на некој начин најблизок ми е Хејзлиниот став. постои елемент на суета во се. Хејзел ја разбира таа потреба за суета. нејзината работа е да ги облекува моделите во излогот ама таа се опишува себеси како “дисплеј уметник“ или така нешто. зошто сум го одбивал светот сметајќи дека сум подобар од другите? зошто го одбивам, ете зошто! затоа што сум подобар и тоа е тоа.

...

зошто сите мислат дека имаат право да те сецираат и анализираат поради фактот дека користиш тешки дроги?
кога еднаш ќе прифатиш дека го имаат тоа право им се придружуваш во онаа потрага по светиот грал, заради тие работи кога се однесуваш како што се однесуваш. потоа ќе те преубедат да почнеш да веруваш во некоја од нивните глупави теории. тогаш стануваш нивен, не си веќе свој, зависноста од дрогата се преместуба на нив.

друштвото измислува некоја лажна отпрвртена логика за да ги пригуши и ги промени луѓето чие однесување отстапува од меинстримот.
да претпоставиме дека сум запознаен со сите аргименти “за“ и “против“ да знам дека ќе живеам кратко дека здраво размислувам итн, итн, ама и да сакам понатаму се работам на хорс. нема тоа да ти го дозволат. нема да ти го дозволат тоа да го правиш зошто тие те гледаат како свој знак на нивниот неуспех. едноставно мора да прифатите тоа што тие вам ви го нудат. изберете не нас. изберете живот. изберете рати за отплаќање на станот или куќата, изберете машини за перење веш, изберете куќа, изберете машина за миење садови, изберете кауч за да гледате заглупувачки ТВ емисии, додека трупате ѓубре од храна во устата. изберете полека да умирате мочајќи се и исерувајќи се во гаќи во некој ебан старски дом така бламирајќи ги себичните деришта кои сте ги створиле. изберете живот.
епа, јас одбивам да изберам таков живот. ако не може тоа да го прифатите тоа ваш проблем. како што рече Хери Лодер, јас имам намера да одам до крајот...

Labels: , , ,

среда, јули 05, 2006

Дебелио го забранија мамицата...!!!

мојoт однос со Дебелио (Јанко) секогаш била во рамките на контроверзноста. на ивица помеѓу омразата и љубовта. во неколку наврати сум го мавал, во други сум го фалел ама секогаш според здрав критериум. некни разбрав дека еве некои буљаши од советот на радиодифузија “измислиле“ членче и решиле да го скинат. јас веќе бев гостин во (отсега претпоставувам) култната “имаш слика - гаси тон“ за шо и чкрапнав и јака цртичка. - “Меинстрим фашист

упатувам целосна 100 % поддршка за Јанко и искажувам силен револт спрема естаблишментскиот медиумски мастодонт (МРТВ) поради нивното силеџиско однесување (да речам тоталитарно делува многу модерно?)


(Дебелио фино образложува шо како, проста маса возвраќа “сакаш пари да печалиш без авторски права а?“ глупаци, моронерија, идиотштина, аморфмна маса на зли малограѓани...)

NO PASSARAN!!!

Labels: ,