понеделник, мај 29, 2006

свртничарот

приказната не е моја. но тоа не е проблем да не ја раскажам. ми ја раскажа еден од маалските хроници Бакса. (во превод гајба)

Баксата: појдов бато сношти кај Пепо в меана. нарачавме по едно, првин бев со Бале, дојде Чифтето, па Зеко, едно друго. ги знајш мислам, сите убај деца. кој од кој. фрлив едно, уше едно. првин почнавме со ракивче. шоуба ракиичка прај Пепо алал да му е, ќе те носам некогаш. па ај рековме пиво малце да одмориме. после дојде Томасо и вика “луѓе ми се роди внуче.“ е, ај како да не пиеш после? стегнавме бело, пелистерка. стандард. пиеме, пиеме. одам кај Томасо и му викам шо е бато ова? кое ми вели, ами внуче ти се роди вино ќе пиеме? шо сакаш бе па ти? овие мојте ги знајш станаја одма, шо бе, шо. ремче се за боксовање. сејте му велам не ја прајте шамата. а тебе му велам на Томасо, од тебе чекам виски. виде, невиде, напрај чкрт и еве ни носат виски. отепавме пола литар виски. па, снема виски, па ај сеа на вино ли ќе се враќаме? шо ќе пиеме да му ебам мајката? ај водка вика чината. викаме водка, не знам некој трет пиеше узо му ја зедов чашата ја манав. пиевме се сотревме да го ебам. пиевме, веќе се разденуваше, Пепо вика дајте луѓе да ја затвориме кафаната, па ми се спие, треба за некој сат пак да отворам. сеј таму и ќути му вели чифтето. а Чифтето го знајш колкав е НА. ако го фати со тие рацете ќе го здроби. ќе го умри од мање. ми вика Бакса ако го фатам бато, чварки ќе летаат од него. и пак си пиевме. едно време не знам шо се деси...се вртам околу мене гледам никој нема. станав, појдов надвор. студи, стуууди, кочан ладно. фебруари, зимата. не знам кај терам. пијан бев бато, многу, многу пијан. сеев пред кафаната пет, шест минути, кога ПРЕД МЕНЕ БАТО СЕ ПОЈАВИ СВРТНИЧАРОТ.

ТРАК, ТРАК НАПРАЈ СО РАЧКАТА САМО...

и јас заминав по друга пруга.

четврток, мај 25, 2006

Моите пријатели победници

Постојат многу луѓе, мои читатели на раскази & колумни, редовни посетители на Цртичка од кои секојдневно добивам пофалби, кураж, поттик. Сум избегавал да зборам за нив и претежно сум му давал внимание на секакви деструктивни какачи. Овојпат решив малце да направам исклучок. Сакам да ви кажам за брачниот пар Златко и Филимена Кузмановски од Кочани мои пријатели со кои се допишувам некое време. Двајцата играа во неколку емисии на квизот “Енигма“ на ТВ Телма. Златко ме информира дека во еден наврат јавно ми се заблагодарил за се што правам (пишувам?) меѓутоа буљашите (мој израз) од монтажа го сецнале. Букарски не станува само етикета за контроверза и валкан јазик туку и за цензура.
Џанам еве што ми пишува Златко во неговиот најнов меил:

“Филмена во завршната изјава на квизот откако убедливо ги победивме конкурентите, изјави : како што би рекол Букарски едноставно не им се отвори падобранот на нашите противници.“

Исто така ме известува дека победиле во суперфиналната емисија која ќе се емитува утре во 22:20 и дека ќариле “Шкода Фабија“. Злате понатаму пишува “под услов да не те исечат јас го прераскажав целиот твој расказ за падобранот“.

Ако ме исечат, курот да им се исечи и од него да си напрат чварки, велам јас.

Злате бато со здравје да си го возите количето.

среда, мај 24, 2006

за факултетите

статијата беше спремана за најновиот број на “Елфаско“ но поради моја мрза, неодговорност и навика да се коцкам со истекот на рокот, ќе излезе во некој од наредните броеви.

електраши


кога бев бруцош имав цимер кој студираше на “Електро“. Беше строга педантерија, урамнотежен, трудољубив студент во права смисла на зборот. покрај ѕитчето до креветот уредно имаше исфотокопирано распоред на предавањата и вежбите. секое утро скокнуваше војнички на првите звуци на будилничето...најпрвин правеше мала гимнастика, потоа склекови едно друго; го полнеше ранецот со книги, скрипти, моливи, пенкала, шестари...ги палеше патичињата и се враќаше буквално отепан при стемнувањето.

како и да е, учеше нон стоп не излегуваше од читална, но тука беше седма година. Факултетска беше трета. некои работи не ми беа јасни...но бев бруцош.

две години подоцна

добив е-меил од едни електраши кои бараав да им пишам за нивното прочуено студентско списание “Елфаско“. ме поканија.

кога стигнав во просториите на барака бр. 5 наидов на сосема поинакви студенти од електро. пријатни, насмеани, друштвено расположени. иако сопчето е испорастурено и тесно кај да се свртам имав по еден пријател. пиво. пиво, пиво, пиво...се испија хектолитри пиво.

по 20 години: веќе подостарени, исклоцани од бараката од некои нови елфасковци, штрајкуваме пред Пиварата...во првите редови стојат Панде, Ицко, Тефтерот... доаѓаа ТВ екипи. со прст покажуваме кон пиварата. се слушаат гласови : “со наши пари ја изградивме, кај се нашите акции?“

машинци

за еден генијален кгфовец ко мене навистина е тешко да утврдам која клучната разлика помеѓу еден “електраш“ и “машинец“. ко јапонец и кинез. секако во ова ултрастереотипско етикетирање на факултетите пожелно е да се појави шовинизам и дискриминација врз други факултети. машинистите ми изгледаат за најпривлечни за такво нешто.

правници

врие политичарчиња. тепајте дур е време. земете метална безбол палка, и смело тргнувајте во поход во тој нивен помпезен хол од мермер кај што се рока комерцијално музиче. од правен повеќето ќе се изродат идни пратеници, министри, претседатели.

по 20 години: ќе идат со сурија телохранители и ќе ја загубите секоја прилика за одмазда. се што ќе ви останува е да ги плукате на ТВ за време вечерата додека во позадина одат главните вести, но гледајќи го сега како вашиот дебел и ќелав татко го прави тоа, брзо контате дека тоа не е тоа.

медицинари (доктури)

луѓето (поготово средовечни па натака) постојано те нешто се жалат те ги вртат зглобови, те бубрези, ги болат глави, имаат високи и ниски притисоци но никако бре да умрат. никој не умира во последно време. лошо богами. и погребот некој треба да го плати. затоа докторите секогаш се на цена. ми се гнасат сегашните медицинари. кај килави баби, смрдливи тетки се бацувани највеќе. лечете се сите взаемно, мамицата.

ветеринари

сите тие кобајаги се зезнале и требало да одат на медицина?

по 20 години: медицинарот ќе стане докторот. ти текнува докторот еј? уште еден меркантилен буржуј кој е расположен да лечи според строго утврдената ценовна скала. или ќе стане некој ебан општ лекар во приградската амбуланта каде со колегата ќе локаат ракија по три по полноќ гледајќи ултимејт фајтинг на црнобелото телевизорче. ко по обичај, трето нема.

економисти

студентите кои студираат економија ми изгледаат едни од најтешките морони. не го контам народов и не го контам никако. со оглед на фактот дека економија ни е црн светски рекордер тоа не е причина да не гледаме се повеќе матуранти како се килават да се запишат на ебаниот економски. тоа ви е парадокс невиден. исто ко во холандија да нема со години лалиња но холанѓаните упорно да се тепаат да пројавуваат желба да студираат на студии по цвеќарство?

по 20 години: со оглед на фактот како се издотерани и пицосани многу шмизлињата на економски и кога би го прифатиле општествениот модел наречен “најстариот занает на светот“, за едно 20 години ќе ја средиме економската состојба во државата.

новинари

сигурно сте биле некаде на гости и сте виделе некои удав деца како постојано потпрашуваат и се љубезни до немајкаде. таквите изротчиња уште од мали ги провалувам дека ќе станат новинари.

по 20 години: просто заради нив морав да ја снижам границата на по 20 години. да клаев по 30 г. или 40 г. веројатно за новинарите ќе немаше да се каже, или ќе мораше да се каже се најдобро (за мртвите ви текнува?)
стресна професија жими се по најмило. кој ќе го надживее стресот станува портпарол во владата.

фискултурци

уште во второ одделение кога ќе забележев дека некој ептен не го бива за читање претпоставував дека ќе заврши на ДИФ.

по 20 години: ако не станат некои познати спортисти ќе станат намќори наставничиња со тренерчиња и патичиња што на секое ќе трујат дека треба да се носат такви и такви патики и не знам каков обоен дрес, ќе играат фудбал со машките не знајќи дека намерно им се попушта да дадат гол, со девојчињата глупаво ќе флертуваат кажувајќи мачоистички излитени смешки зркајќи притоа во раноиспакнат цицињата.

математичари

за разлика од средно кога сите сакаа да седат со нив само за време на писмената по математика сега е се поинаку. абе не можам да ги најдам тие пусти математичари. секогаш решаваат задачи. решавањето задачи ми изгледа толку корисно колку и решавањето на крстозбор додека имате тешка пивска кењажа. значи многу.

по 20 години: ако вашата партија е на власт вие малтретирате деца во основно или средно. ако вашата партија не е на власт, давате часови на деца кои се измалтретирани од наставници по математика чија партија е на власт.

информатичари

кускулиња со наочарчиња со многутиражен диоптер. не е штура генерализација. сите се такви.

по 20 години: проклети geeks и откако едвај ќе се усогласат која верзија е подобра дали 1.1 или 2.06, кој процесор е побрз и чија графичка карта дава подобра резолуција ќе почнат да дрват за колегата кој навреме се исселил во забатален зимски крај во ебаната Канада и сега земаат по не знам колку илјади долари плата.

земјоделци

овде по грешка се запишуваат прави земјоделци. грешка. земјоделците треба да си останат земјоделци. земјоделци кои не сакаат да работат 4 години се запишуваат на земјоделски факултет. потоа продолжуваат да бидат земјоделци?

по 20 години: ги гледате на некој автопат како даваат заканувачка изјава дека патот нема да го одблокираат ако не ја поскапат откупната цена на пченицата за два денари.

шумарските инжинери по 20 години: гледаш шума. дрва. луѓе. сечење на дрва. џип. камиони. наградното прашање е: кој се диви дрвосечачи а кој се шумари?

филолози

сите некои домаќинчиња. тркала неамбициозни. сакаат да се провнат со по пет испити годишно од кои три го носат името граматика.


по 20 години: немам појма како им успева да предаваат по четири години анлиски /француски/германски јазик во основно/средно а притоа НИКОЈ ДА НЕ ГО НАУЧИ САГЛАМ ДА ГО ЗБОРУВА ЈАЗИКОТ.

хемичари, биолози, историчари, социолози, филозофи, педагози, психолози цела таа клапа на студенти од тие факултети доколку не станат научници/интелектуалци во својата област по 20тина години ќе станат даскали и тоа од оние најбедните: лесно поткупливи чиновници кои ќе киснат во меани на т.н. софри. ќе бидат приглуви, со говорни мани, лош хумор, тотално интелектуално исцицани демагози со бајат систем на вредности.


за дипломирањето - милко валент

Да се дипломира не е тешко. Тешко е да се избегне чувството на празнина кое се добива при стекнувањето на дипломата.
Да се дипломира не е тешко. Треба само да се учи по три часа дневно во текот на 365те денови во годината. Добро е да се дипломира зошто татко ти станува среќен, и останатите те оставаат на мира.
Секоја диплома формално de iure е доказ дека човекот е стручњак во тоа и тоа, иако de facto тоа не мора да биде вистина.

Најдобро е да дипломираш брзо. Првата причина е: не си должен да ја гледаш јадот и бедата како на професорите така и на студентите. Втората причина е: поблиската и подалечната роднина се задоволни и воглавно ненаметливи.
Третата пак: може да се вработиш ако баш тоа го посакуваш. Четврто крајно: на мир можеш да се посветиш на било што, на уметност или теорија, и никој нема право да ти каже дека не си завршил факс. и си останал ебиветер.


сабота, мај 20, 2006

Најновата за Неделно...

петок, мај 19, 2006

Комунистичка Цензура врз Рок музиката



Гледате факсимил од списоче со забранети поп/панк/рок групи во комунистичка Украина. Ги има AC/DC, Pink Floyd,Talkingheads, Blondie, Iron Maiden,Sex Pistols и др.
На пр. умрев од смеа кога прочитав дека Хулио Иглезијас го оквалификувале како “неофашист“

Зошто бе? Дека изгледа педантен во костумчето и мафта со шамивче?

П.С. Ме интересира да живеев и творев во еден таков систем како мене ќе ме етикетираа. А? Ерото-насилничко-шовинистичко-анархистично-морално-неподобен мизантроп и мизоген и посебно ова ми се бендисува “черноглед“ хаха!

недела, мај 07, 2006

Кој да ти каже Геро :)

Во најновата колумна, со мошне искрен наслов (колумнистите се луѓе кои постојано нешто ги нервира) “Кој се ме нервира“ меѓу другите групи ги спомнав и филантропите, хуманистите и мецените. Иако избегнувам да бидам актуелен (а актуелен сум, бидејќи шо и да пишам потоа станува актуелно) несакајќи сум допрел до темата со која се занимава нашиот драг уредник Геро.

Геро ми ја позајмува мислата на Хаксли
(„За да биде некој хуман, треба да е или лицемер или слабоумен“.), и e прилично револтиран (луѓето се повикуваат на мене во два случаи: кога ги револтирам и кога се револтирани) од однесување на македонската “кремљолошка“ елита која на “садо-мазо“ (Рамбо Амадеус) концертот на Борис Трајанов донирала бедни 1200 ден. за хуманитарни цели.

Срам и арам да ни е! пишува Геро и потем ме прашува (“Е, мој Букаро, сега кажи нешто, да те видам!“) Не кажувам ништо појќе Геро. Отсеа наплаќам само. За реторички прашања дупло!

кој да ти кажегеро

кој да ти каже геро, како ти пишев колумна
како сонев за поголем хонорар геро
како на тв те следев секој понеделник геро
како те колнев геро о мој геро

кој да ти каже геро, не знае никој геро
за онаа тајна со цицката на тифани тејлор остана

кој да ти каже геро зошто елитата пари не сака да дарува
кој да ти каже дека картичката во автомат ја кладов
и наидов на љубов невозвратена.