среда, ноември 30, 2005

Одисеј од Партизанска

На часот по “Теорија на книжевност“ ни дадоа задача да напишеме песна на една тема Одисеј, Итака, неговото враќање, верноста на Пенелопа и сл., се со цел на една иста тема да добиеме повеќе структури.
Ви ја приложувам мојата, клошарска структура :)

Одисеј од Партизанска

Талкав пешадија
по пат чевли кинев
по Партизанска.
Ми пријде еден
парталав клока
кој љубезно ме
праша
“Извини синко дај
25 динари жити бога ако имаш“
го прашав
“Шо ќе ти се бе чоек?“
“Лексилиумче да си купам“
избазди со неговиот здив
кој труеше на ефтина ракија.
Прочачкав во џебот
извадов три банки
и му ги дадов.
Тоа беше Одисеј
од
Партизанска
Појде кон аптеката

неговата Итака
со алкокохол+лексилиум
да ја побара Пенелопа.


сабота, ноември 26, 2005

Скопска Зимска Панорама

Од Фото Блогот

вторник, ноември 22, 2005

Пост за Мајката

Постојано слушам другари како тврдат дека мајките ме читаат.
Мене ме читаат сите па дури и оние кои не го признаваат тоа, но посебно ми е драго шо ме читаат ете и мајките.
Но, далеку од тоа дека сакам сега да им се упикувам на тие современи мајки велам современи бидејќи ги оставаат сопрузите да го чуваат гравот, додека ми ја листаат Цртичка.
За жал, од сите мајки кои читаат, не ме чита мојата мајка. Добро не е баш за жал, мајка ми знае шо лајно сум, нема потреба да ја отвара Цртичка.
Сепак, постојат повеќе видови на мајки кои ме читаат.
Мајките кои имаат ќерки и не ме читаат на интернет, за мене дознаваат на стариот класичен начин. Сосема случајно буричкајќи по фиочиња, оп, хоп, ги наоѓаат свежо испринтаните мои расказчиња. И хмм, секако не би биле мајки и тоа грижливи кои секогаш им го мислат најдоброто на своите чеда, доколку не би прочиткале пет-шест пасуси чисто од љубопитство.
Потоа, не е лесно да се претпостави дека “обавезно“ ќе наидат на срамотните детали, вулгарност и безобразие до бескрај кои се составен дел од скоро сите мои дела.
Следат васпитни мерки - Од кај ти се? Како дојде до нив? Зошто ќерко не си ко другите девојчиња? Зошто не си како ќерката на комшијата која го чита четвриот том од “Војна и мир“ на Толстој?
Јас, искрено мислам дека тие мајки воопшто не би требало да се грижат околу мојата литература. Јас тие безобразности не би им ги кажал во живо на нивните ќерки. Никогаш такво нешто. Повеќе би ги им ги правел, отколку замислете да им ги кажам! Така шо мили мои загрижени мајки ич нема потреба да се тревожите.
Мајките кои имаат ќерки и ме читаат на интернет многу ме сакаат ама никогаш не би ме “линкале“ со своите ќерки. Ним можеби им изгледаат сите овие наслови интересни и симпатични но никогаш не ми би послужиле со слатко од диви јаготки и сл. доколку нивните ќерки ме донесат дома.
Што се однесува до мајките кои имаат синови и ме читаат, најчесто ме сакаат од проста причина што во мене гледаат слика и прилика на нивните слатки копиљаци. И не само шо гледаат слика, туку сфаќаат и како се однесуваат во суштина нивните синови, кога не се заедно (или блиску) со нив.
Океј малце се шокираат од речникот и степенот на обземеноста со пичињата, но не премногу. Всушност проблемот со тој триаголник (мајка,син негова девојка) настанува подоцна кога девојката ќе им ја тупнат дома.
Толку за мајките. Место цвет, по некој убав збор за нив.
Баш сега би сакал некоја мајка да ми пише коментар и да пукнам од среќа!

среда, ноември 02, 2005

Дејан Бошков - Д фрст каминг! (Легендата живее)

Знаете, дека натписот за турбофолк легендата во залет, Деки Бошков дигна многу прашини по сајберпросторите. Притоа многумина ме опсипаа со најразлични прашања - Вистина ли е? Фикција ли е? Озбилен ли е? и сл. како и оние “треба да се забрани, треба да се убие турбофолкот“ итн. Епа, ко да знаев да го ебам, дека Деки Бошков еден ден ќе се вивне во “ѕвездените“ височини на кафанската естрада, па уште во 2001 г. му направив веб сајтче со сите тракатанци.
Прати, извадоци.
Автобиографија
Роден сум во градот Велес (тогаш Титов Велес, сега незнам чиј е:P ) во 1984 во Градската Болница. Уште како мал знаев дека ќе станам позната фаца нашироко и исто така доста пати ме носеа по доктори не заради физички туку заради психички аномалии.
Биографија
Една од главните особина на брат му е тоа што не влегува дома како сите луѓе преку врата, туку влегува преку прозорецот од Вецето обично кај 4-5 изутрина. Другиот брат Пепи е најголем но и......Колку е тој во здрава психофизичка состојба ќе ви кажам за еден пример. Со вжштена вилушка за јадење го има залепено родениот брат Дејан само затоа што му крадел од колбавчињата...... Дијалгот со неговиот постар брат:
Букаро - Пепи кај е бе Дејан?
Пепи (мртов озбилен) : Брат ми... Дејан... почина...
...
Првиот пак кога отидов кај него дома дојде мајка му :P и Велесо (прекарот на Дејан Бошков) и вели : мамо, мамо еве го тој Букаро вчера ми рече да ти ја ебам мајката.
Негова лична карта, што сака/неќе, “искуствени“ загатки на љубовта од типот Nikogash Ne Me Ljubele Kolku Shto Sum Ljubel Jas па се до “метафизики“ како Ljubovta e Kako Parite, Denes Ja Imash Utre NE и сл. имате на линкот подолу.
И, шо кур чекате?