сабота, јули 30, 2005

Поезија и Проза – Бахтин

Ова ми е од материјалите за испит по “Теорија на книжевност 2“... Верувам дека само Ивица, Офчарот и уште по некој ќе се најде да го прочита до крај... во спротивно, сакал јас или нејќел ќе мора да го “џвакам“ за на испит :)
Трагањето по разликите меѓу поезијата и прозата може најпрво да нe врати наназад во античкото доба. Првата разлика може да се повлече во значењето што двата збора го имаат. Така, зборот проза најпрвин означувал неукрасен говор и упатувал на непочитување на вештачкиот израз – стихот. Во тоа време врз основа на изразот се диференцирала уметноста од историјата и филозофијата. Во проза се пишувале историографските дела, во проза создавале уште и јонските филозофи чии дела може да се читаат како уметнички. Проза се употребувала и во филозофско-реторички контекст во Грција и Рим.
Од друга страна пак, врзаниот говор се прифаќа како единствен книжевен говор затоа што е формално одделен од обичниот говор т.е. говорот на секојдневното соопштување. Стихот како веќе формулиран говор е воедно и носител на традицијата која располага со арсеналот на постоечките искази кои однапред вредат како митска мудрост. Во тоа време разликата меѓу поезијата и прозата е разлика меѓу уметност и неуметност.
Но полека прозата добива поинаков статус и се добива мислење дека и едноставното може да добие естетски квалитет. Станува збор за развој на свеста дека стихот не е единствениот уметнички израз туку уметнички израз може да биде и обичниот говор. Прозните уметничко книжевни видови се појавуваат кога уметничкиот квалитет не е веќе формално одреден со стихот туку со интенцијата. Книжевни текстови стануваат оние кои не се научни, оние во кои не се остварува научна вистина туку се остварува убавина.
Веднаш воочлива е разликата и во можноста за превод на поезијата и прозата. Многу полесно е да се преведе еден прозен текст на стран јазик, а тој да не изгуби многу од својот карактер, додека со самиот превод поезијата губи од своето значење и од својата убавина. Таа како да станува второстепена, претрпува бројни деформации.
Традиционалните сфаќања за поезијата се: сликовитост, некаузалност, нерационалност. Според тоа постои фикција која ќе биде заснована врз логичноста и друга врз музикалноста и изразот. Во поезијата субјектот и објектот се обединети, а јас и светот интегрирани т.е. за неа јазичната стварност е единствена во која може да го потврди своето постоење. Таа се користи со јазикот како со граѓа, а прозата со стварноста. Нејзини елементи се звуците и ритамот преку врзаноста на збор со збор, а не со предмет. Поетот зборовите ги гледа како предмети, а не како знаци. Тој не знае да се служи со зборовите како знаци на аспектите на светот, тој во зборовите гледа слики на тие аспекти. Накратко целиот јазик за него е огледало на светот. За поетот јазикот е структура на надворешниот свет, а поетот е надвор од јазикот.
Опозитно на ова традиционално сфаќање е сфаќањето дека прозата не се реализира преку звуци или јазик, туку преку предметот кој се претставува при што субјектот и објектот се дистанцирани. Друга карактеристика на прозата е што таа зависи од некои надворешни околности и начини на размислување.
Друго разграничување е преовладливост наспроти непреовладливост. Со други зборови поезијата е блиска до митот и до митскиот дискурс, изворно ја претставуваат вистината и општото не е одделено од поединечното. Наспроти ова прозата има разумско функционирање затоа се појавува подоцна.

петок, јули 29, 2005

Велосипедистка

Пишува - Дебел Курац
Превод - Букаро

Вчера, сабајле негде,,, возам право, околу мене велосипедистичка патека која е опкружена со треви.
Се дивам на процветените цветчиња. Утринското сонце ја суши росната трева. Таа пак, се осеќа, дише.
Возам не многу брзо, 50 на саат. Стигам една девојка која исто така вози точак. Фантастични газенца. Горе, долу, горе, долу. Дивота.
Ја синхронизирам брзината, уживам.
Едно време ја гледам како преминува од праволиниско возење во цик-цак. Изведува осумки. Се поостри и пократки. Страв ме фаќа!
Паѓа! За среќа, во тревите. Закочив и застанав. Да и поможам? Веќе сконтав. Гледам како се трие меѓу нозете.

Не, не треба помош, веќе свршив,,,

четврток, јули 21, 2005

Блог-фељтон - Отпишани - Трач Рубрика


(Епи) Центар за известување и тревожење


Машине-шрајбен

Се повеќе училишната јавност се прашува дали најновите бранови на штрајк во железниците се поврзани со нашиот професор по Германски Гоце. Долго време сите ови години доколку за време на неговиот час прашавте уште колку има ќе добиевте одговор од професорот по Германски – Не се секирај машиновозачот сите ќе ве почека. Сите на оваа изјава гласно се смееја но никој точно неможеше да дешифрира за каква иронична алузија се работи. Често пати се доаѓаше до идеја дека професорот се препознава себеси во машиновозачот (од екстазите “машине-шрајбен) а нашата училница е еден голем валкан и долго време немиен вагон наполнет со животни кои што се префрлуваат од една зоолошка во друга зоолошка градина. Но се повеќе ученици тврдеа дека го гледале професорот по Германски Гоце како со своето моторче томос Апен6 се движи кон Пелагонијата во работничка облека со мотика и казма врзани назад на моторчето , по што се утврди дека сепак хобито на профосорот не е машиновозач туку е нивообработувач или земјоделец (Биди Земјоделец , Гоце те вика).

На ваквите злобни коментари неговите пријатели знаат да вратат велејќи – Гоце арбајтен арбајтен - прај го ти улав ама цела зима ќе се отепа од јадење!!!

Како се викаше на англиски за зиски?

Дали сте ја забележале професорката по Англиски како шиба со својата задница , додека прегледува домашно ? Но она што сите нас не депримира како ученици е тоа што на професорката и фалат добри фарови, бидејќи сегашниве ептен се мали. За да ми пише двојка би и платил силиконско полнење на нејзините гради вели еден мој напатен пријател...


Дебели лекарски гангстер

Сте ја виделе онаа школска дебељуца - лекарка која што заради својата прекумерна тежина во амбулантата влегува само странично. Се повеќе исто така се шират муабети доколку сакате да добиете свежо оправдание , сте морале да дадете мито 100 грама кафе. Но , еве ви најнова информација, на лекарката и е смачено од кафиња затоа одсега панатаму таа ќе прима само скара на кило или повеќе парчиња пица. Значи добро запамете Кафе НЕ, Скара на Кило Да.


Симе е рехабилитиран!?

Неколку дена пред класните совети во нашиот коридор можевте да го забележите професорот Симе по физичко како ги собира сите оние што ги познава и оние што не ги видел со години да почнат да доаѓаат на неговите часови по физичко наречени Има ли пилот во авионот ? По што се добива одговорот, Симе е тука, лока во бутката ти само вежбај! Но , по се изгледа дека Симе е рехабилитиран и во иднина ќе пие само за лепо друштво во одредени моменти. Да се надеваме дека е така , во спротивно и ние ќе вежбаме со по некое Скопско.

"Диво месо" - Горан Стефановски

Го најдов извадоков, зафрлен во папките литература од на времето...


Клаус на Стево: Пијте, пијте младичу. Растројте се малку. Многу сте стегнат.
Да зошто вие мислите дека нему му е подобро на слобода? Тој можеби сака да биде в затвор? Тоа ви звучи неверојатно но животот е полн со изненадувања. Познати ми се и случаи на таква парадоксална инверзија на нормалното расудување. А при тоа заборавате на една битна компонента дека тој е Словен. Тој податок лесно одговара на прашањето зошто некој би сакал да биде в затвори. Јас го нарекувам синдром на славјанската мазохистичка душа - кога ништо не е во ред а не се крева ни малиот прст ситуацијата да се поправи и во тоа дури се наоѓа задоволство. А на овој Балкан никогаш ништо не било во ред. Дваесет илјади години наназад И ако сиот тој метеж некој се заложи да помогне та помош не се прима добронамерно. Напротив сомничаво се одбива. И состојбата продолжува. Вие сте осудени да живеете во состојба на пропаѓање. Не, на пропаст затоа што пропаста е дефинирана состојба, и не на благосостојба од која сте толку сите далеку туку на пропаѓање. Постојано и постојано пропаѓање.
Во истите дупки на ист начин. Повторно и повторно. Упорно и тврдоглаво.
Никогаш не извлекувате никакво искуство. Тоа станува смешно. Па мечка во циркус научува да вози велосипед.Младоста ја минувате на корзо грицкајќи семки. Не читате ништо потешко од стрипови за гусари. Идоли ви се оние идиоти кои се самоубиле слушајќи ја “Тужна је недеља“ и ситниот криминалец Киро Атевиќ. Киснете по меани а незнаете да пиете. После две ракии ви се стеснуваат очите. И почнувате да се прегрнувате , бацувате и да му се ЗАКАНУВАТЕ на целиот свет. И веќе не гледате кој што ви прави зад грбот. Или не пијте или научете подобро да поднесувате алкохол.
Брат ви Андреја спаѓа дирекно и без остаток во таа квалификација. А вие не сте подалеку иако вие сте друг случај. Треба нешто да сторите со себе.
Треба да се ослободите од стегите на вашиот мазохизам и да пуштите да ве води срцето.
Срцето никогаш не е мазохистички настроено тоа е радосно, ГЛАВАТА е таа која што прави проблеми. Свесен сум дека и вас ве гледа друга мака – вие не знаете што точно сака вашето срце. Но тоа е лажна дилема. Никогаш не сте го пуштиле да ви каже.
Го држите задушено во малиот џеб и кукате што не умеете да го внатрешниот инстикт. Оставете го срцето слободно да дише и тоа ќе ви се јави. Секако и тука има редица на компликации. Како што е на пример чувстото на припадност и традиција.
До каде најдалеку наназад можете да ја следите вашата фамилијарна лоза?како се викале вашите прадедовци. Тешко дека знаете. А ете јас знам. Моето дрво е грижливо запишано наназад до 14 век. Може да си помислите дека тоа не се битни разлики но од друга страна традицијата и културата се светски придобивки. Гете е ваш исто колку и мој. А вие се убав и бистар младич предодреден за успех. Ќе заминеме заедно назад во Германија. Ќе го усовршите својот германски јазик на мојот имот покрај Рајна. И ќе развиете својот вкус. После два месеци ќе разликувате нијанси во букето на скоро исти вина. Ќе го развиете своето тело со тенис и пливање. Својот ум со одбрани четива. Ќе се забавувате. Ќе престанете да се плашите од самиот себе. Ќе станете светски човек сигурен во својата мисла своите одлуки и потези. А јас ќе бидам покрај вас да го следам вашиот развој. Нашето вракање во Југославија ќе биде триумфално. Вие се обидувате да пишувате поезија? Па како да се снајдат вашите музи во скопската слама и лој? Верувам дека едноставноста и рустикалноста можат да ви бидат инспирација.
Но ако се филтририраат и прочистат низ образование и култура. Со други зборови човекот треба да ја сочува својата невиност. Ни при тоа да се збогати со искуство.
А вие се уште сте во фазата на наивна невиност. Вие сеуште не сте го изгубиле хименот. ТОа е малку груба сексуална слика но доста прецизна. Вие треба да бидете силуван. Ова ве збунува но јас сакам да ве збунам. Треба некој да ве фати за коса да ви ги искрши коските да ви ги отвори ушите очите и носот да ве смеша да ве измеле да ве згмечи и повторно да ве состави како ново човечко суштество. Вие и сега имате очи , уши нос но не ги употребувате. Ви служат како украс. Ништо не гледате ништо не слушате. Живеете кретенски хипнотизиран малограѓански полусон и чекате откровнение ЧУДО се подготвувате за големиот час кога вашиот живот конечно ќе започне а се повеќе се соменвате дека тој час воопто пристигне. А годините минуваат и денес и утре животот поминал. Се вртите околу себе – пустош. Откровението не дошло а навиката станала корава. Па заминувате во најблиската кафеана и наздравувате си непознати намерници во името на неразјаснети визии за она што сте можеле да бидете. А јас ви нудам нешто друго. Ви нудам можност да ја раскинете папочната врска со своето племе и да се издигнете до својот сопствен идентитет. А потоа да му се вратите на истото племе и да го поведете онаму каде што самото не можи и незнае да стигне...Ви ја нудам својата скромна помош , ви ја нудам својата рака.
Стево – Пуштете ме да си одам господине Клаус.

понеделник, јули 11, 2005

Блогот на Букаро - Сајт на денот во “Време“

„Букаро – човек со мисија. Сака да стане писател - и ќе стане, па макар и по цена сите да го мразат. Во меѓувреме, имаме директен пренос на тоа како јаде тулумби, зборува на ‘мирц’ и озборува познати битолски легенди. Можеш да го мразиш, можеш да посакаш да му побараш телефонски број, но нема шанси да поминеш мирно покрај неговиот блог,“

Остатокот од рецензијата клик тука
-
-
П.С. Посебна благодарност до Сани, без чија тулумба мислам дека никогаш немаше да доживеам да станам “сајт на денот“.

сабота, јули 02, 2005

Рецензашка чврга - Данил Хармс “Случаи“

Глеам у курац сите нешто промовираат, препорачуваат филмчиња, музики, споделуваат импресии, емоции, впечатоци и сл, па си ебано во себе си реков - да пробам и јас! Џоа писател го води блогот не е заебанција?
Инаку, одма да ви кажам се работи за книга поправо книџе на еден писател (припадник на прочуената руска авангарда шо Сталинчо фкрај ја потепа) по име Данил Хармс. (и самиот тој едвај ќе поживее 35/36 год. додека “не дојдат чичињата да го земат“)
Хармс зедов да го читам со огромен скептицизам оти имав слушнато дека им се допаѓа на интелектуалците. Знаете... кога интелектуалците во прашање и нивниот вкус... веднаш ми се јавува стереотип дека еден им се бендисува некое тешко варливо писателиште чија литература е зачинета со кованици, описи, долги реченици од кои после 2 и пол проред ви иди преку кур. Но... и покрај се, типов е лудила...
Добро всушност кој кур фактор е тој? Океј, цел живот бил писател и се бафтосувал со пишување, како и повеќето руски писатели се занимава со мали егзистенцијални теми, теми на обичното чоече, влечи мотиви од ебаното секојдневие и сл.
Верувам многумина можеби иако го немате читано знаете дека тој е цар за таква кратка “анегдотска“ проза по што еден куп други писатели копирале од него. Откриен е дури пред 20тина год. т.е. под откриен подразбирам повторно печатање, издавање и читање во реален број (каков шо навистина заслужува).
Отпрвин при читањето на некое раскасче се чудите од каква сосема “обична“ ситуација тргнува да прави заплет (пр. мајка која прави ручек, бабичка која надвиснува на џамот, пичлеме кое бара девојката ја крене сукњата за да ја поеби итн.) за да на крајот состави таков ебан крај на каков воошто не сте очекувале (или претпоставувале).
Не си игра само со вашата интелигенција, туку и пиши некои раскази за кои веднаш ви иди на ум - добро се смета ли ова бе за расказ? (се мајтапел со жанрот, општо играње курташаци со формите, шо ретко кај претходно можело да се види.)
Ко шо пиши на задното страниче дека умее да ги доведе “случаите“ до ниво на апсурд. И така. Го читав вчера негде утрината, беше жешко, спарно до немајкаде, па дури и потпрднував одвреме-навреме за да се створи некаков провев!
Доста е за Хармс, мислам, ионака дотука успееа да дојдат само најупорните. Се накупив книџенца од распродажбата во “Точка“ и сеа немам попаметна работа, па ќе ви прераскажувам.